Холивудските сценаристи и студија повторно на средба среде штрајкот

Преговарачите на големите холивудски студија и на истакнати филмски и телевизиски писатели планираат повторно да се сретнат во петок (22 септември), се наведува во соопштението на Здружението на писатели на Америка (WGA). Двете страни во четвртокот преговараа повеќе од 10 часа, но не успеаја да постигнат договор за ставање крај на повеќемесечниот ќорсокак околу хонорарите и употребата на вештачка интелигенција, …

Continue Reading

Два ер трактори и еден хеликоптер гасат пожар во општина Брвеница, гори борова шума

Центарот за управување со кризи извести дека денеска околу 11 часот избувнал пожар во атарот на село Милетино, општина Брвеница. – Пред малку пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа два ер трактори на ДЗС и еден хеликоптер на МВР кои ќе им помогнат на пожарникарите од ТППЕ Тетово во гаснењето …

Continue Reading

Нагло поевтинија становите и куќите во Германија

Цените на станбените недвижнини во Германија нагло паднаа во вториот квартал, покажаа податоците на заводот за статистика, како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката. Цените на недвижнините паднаа во периодот од април до јуни за 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е најмногу откако почнаа да се собираат податоци во 2000 година. На …

Continue Reading

Приведени млади тетовци, кои нападнале и ограбиле маж

Малолетник од Тетово и 18-годишник од тетовско Селце се приведени за напад и грабеж на 27-годишно лице. Инцидентот се случил на 19-ти септември во близина на Спортски центар во Тетово. Двете лица го нападнале М.М. и се обиделе да му одземат пари. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци

Continue Reading

Нагелсман и официјално ја презеде Германија

Јулијан Нагелсман и официјално е селектор на германската репрезентација и ќе ја води на следното Европско првенство следната година. Младиот стручњак кој има само 36 години последен во март оваа година остана без работа, кога доби отказ во Баерн Минхен. Интересно е што и сега како и претходно во Минхен, на клупата на германската репрезентација ќе го наследи Ханси Флик. …

Continue Reading

Песков: Русија е подготвена на сите закани од Полска, таа е агресивна земја

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за време на своето секојдневно обраќање до печатот рече дека Русија е подготвена на сите закани од Полска, која ја опиша како агресивна земја и непријатен сосед на Белорусија. Тој рече дека Русија е свесна за тензиите меѓу Варшава и Киев и дека тие ќе растат. „Тензиите меѓу Киев и другите европски престолнини неизбежно ќе …

Continue Reading

Едегард доби нов договор и највисока плата во Арсенал

Норвешкиот фудбалер Мартин Едегард го продолжи договорот со Арсенал до 2028 година. Едегард пристигна во Арсенал од Реал Мадрид за 35.000.000 евра. За „тобџиите“ има одиграно 112 натпревари, постигна 27 голови и забележа 15 асистенции. Играчот од средниот ред на Арсенал е финансиски награден и со тоа што неговата плата сега ќе биде значително поголема, досега добиваше 120.000 фунти неделно …

Continue Reading

Пешак прегазен од мотоцикл во Струга, го управувал малолетник

Синоќа во 20.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од Струга, управувајќи мотоцикл со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Струга. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга.

Continue Reading

Сообраќајна несреќа меѓу возило и мотоцикл во Скопје, мотоциклистот тешко повреден

Вчера во 11.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Хасан Приштина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.К.(66) од Скопје и мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.М.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум …

Continue Reading