Стојановски: Со Законот за данок на солидарност, власта воведува арач за успешните компании
Солидарниот данок е новото економско промашување. Власта на СДСМ и ДУИ внесува нестабилност во работењето на бизнисот во Република Македонија. Имено, со донесениот Закон за таканаречен данок на солидарност, власта воведува арач за успешните компании наместо да се бори со сивата економија, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски. Сведоци сме, вели тој, дека одредени делови од Македонија се даночни раеви, …
Continue Reading
Научници на симпозиум ќе дебатираат за влијанието на Тејлор Свифт
Австралија се подготвува да одржи меѓународна академска конференција за влијанието на Тејлор Свифт, објави Би-би-си. Настанот „Свифтпозиум“ ќе го истражи влијанието на мегаѕвездата врз сè, од музичката индустрија до поп-културата и економијата. Организаторите на тридневниот настан се надеваат дека ќе привлечат научници од целиот азиско-пацифички регион. Австралискиот универзитет во Мелбурн ќе биде домаќин на Swiftposium 2024 во февруари, истата недела …
Continue Reading
Шаховското дерби на Алкалоид и САД со многу заплети до нерешен резултат
Светското екипно првенство за шахисти над 50 годишна возраст во Струга веќе во третото коло го донесе дерби мечот на највисоко рангираната екипа, репрезентацијата на САД, со шахистите на Алкалоид кои се четврти носители на турнирот. Мечот заврши нерешено, 2:2, но самите партии ни оддалеку не беа мирољубиви. Шахистите на Алкалоид влегоа во мечот со стратегија да се одиграат комплицирани …
Continue Reading
Дрес од МЗТ Скопје Аеродром за градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски изминатите неколку денови учествуваше на Светскиот самитот кој се организира во рамки на Мрежата на силни градови, каде членува и Општина Аеродром. Во рамки на учеството тој на градоначалникот на Њујорк кој истовремено е домаќин на настанот му врачи дрес од кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром, извести општината. Настанот кој е финансиран од страна …
Continue Reading
Полскиот претседател: Подготвен сум да разговарам со Зеленски како пријател
Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека е подготвен да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски како пријател за да се реши тензичната ситуација меѓу земјите. Медиумите потсетуваат дека Варшава се закани дека ќе престане да испраќа оружје во Киев во екот на спорот околу увозот на жито. Осврнувајќи се на изјавата на Зеленски, кој на Генералното собрание на ОН во …
Continue Reading
Рекорден број мигранти се движат кон границата со САД, нов тест за Бајден
Илјадници мигранти преминаа во Соединетите држави во последните денови, од Калифорнија до Тексас, а многу други пристигнуваат со автобуси и товарни возови во мексиканските погранични градови по рекордните миграциски текови понатаму на југ, што претставува нов предизвик за американскиот претседател Џо Бајден. Драматичното зголемување долж границата, особено во Сан Диего, Калифорнија и во тексашките градови Ел Пасо и Игл Пасо, …
Continue Reading
„Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“ – кампања на ЈП „Лајка“ за посвојување на бездомни кучиња
Јавното претпријатие „Лајка“, го објави почетокот на својата најнова општествено-одговорна иницијатива во соработка со креативната агенција Њу Момент, со цел промоција на посвојувањето на кучињата скитници. Кампањата симболично започнува утре, на 23-ти септември, Интернационалниот ден на вдомените кучиња. Кампањата е под мотото „Ако имаш место во срцето, имаш и во домот“. Дизајнирана да ја зголеми стапката на посвоени кучиња, но …
Continue Reading
Лавров до Гутереш: Започнете арбитражна постапка против Америка
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да спречи вовлекување на претставници на структурите на ОН во политизирани иницијативи во контекст на украинската криза, се наведува на веб-страницата на Министерството за надворешни работи. Генералниот секретар на ОН потврди дека ќе се воздржи од учество во иницијативи кои не вклучуваат учество на сите …
Continue Reading
„Време е за радикални потези, испратете ја војската на границата со Србија“, порачаа хрватски политичари
Хрватска смета дека е време да се преземат радикални мерки за заштита на хрватските граници и безбедноста на граѓаните, поради големиот прилив на илегални мигранти. Клубот на пратеници на хрватските суверенисти вчера објави дека со оглед на зголемениот прилив на илегални мигранти во Хрватска, што резултира со сè почести инциденти, крајно време е да се преземат радикални чекори за заштита …
Continue Reading