Разрешената директорка на Филхармонијата: Ова се случи оти застанав на страната на колективот

Довчерашната директорка на Филхармонијата, Тина Иванова, по повод нејзиното разрешување од работната функција директор вели дека тоа се случило бидејќи затсанала на страната на колективот, а не поради несовесно работење. „Разрешена сум вчера, а не пролетоска кога оркестарот на филхармонијата и вработените го изразуваа револтот, затоа што и покрај купот инспекции што министерката наменски и во континуитет се до вчера …

Continue Reading

Спортске новости: На „Пољуд“ не го очекуваат Трајковски на лекарски прегледи

Хајдук нема закажано лекарски прегледи за Александар Трајковски, објавија „Спортске новости“. Македонскиот репрезентативец е слободен играч откако му истече договорот со Ал Фајх чии дрес го носеше 18 месеци. „На Пољуд денска не го очекуваат Трајковски на лекарски прегледи“, пишуваат „Спортске новости“ и на тој начин ги демантираат пишувањата на „Калчомеркато“ и „Тутоспорт“, дека во четврток македонскиот репрезентативец ќе ги …

Continue Reading

„Ако хетеросексуалноста е нормална, зошто има толку со ментални нарушувања?“ – контроверзни прашања за средношколците во Македонија

Контровезрни прашања од предметот Образование за животни вештини за средно образование се споделуваат денес на социајлните мрежи. Прашањата се наоѓаат во работните листови за овој предмет, во делот „Индентитети“ и се однесуваат на хетеросексуалноста и нејзино преиспитување. Објавени се на страната за Бирото за образование, чијшто потпис стои на наставниот материјал. Прашањата наидоа на голем број реакции на социјалните мрежи. …

Continue Reading

По скандалот на Онкологија, 12 раководители ги одобруваат терапиите за секој пациент, уверува министерот Меџити

За терапијата на секој пациент на Клиниката за онкологија одлучуваат дванаесетмина раководители на оддели и можноста за пропуст е минимална, уверува министерот за здравство Фатмир Меџити. Тој денес извести дека присуствувал на лекарски колегиум на Онкологија и лично се увери во овој начин на функционирање за кој тврди дека бил воведен уште пред во јавноста да се појават тврдењата декана …

Continue Reading

Претрес во Штип, пронајдени разни видови дрога, определен притвор за дилерот

СВР Штип до Основното јавно обвинителство Шти поднесе кривична пријава против 42-годишниот А. П. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, извести МВР. „Имено, по преземените оперативни мерки било дојдено до сознание дека пријавениот во текот на 2023 година набавувал разни видови наркотици, кои …

Continue Reading

(Видео) Уништените брани, кои ја предизвикаа катастрофата во Либија, ги изградиле југословенски компании

Двете брани над градот Дарна во источна Либија, кои пукнаа и предизвикаа поплави со илјадници жртви, ги изградија југословенски компании. Браните изградени во 1970-тите веројатно се многу лошо одржувани, пишува Кликс.ба. Исто така, локацијата на само еден километар над градот не била соодветна за ваков архитектонски зафат. Градот Дарна во минатото доживуваше чести поплави и затоа владата одлучи да изгради …

Continue Reading

Јувентус замената за Погба ја најде во Арсенал

Јувентус најде замена за Пол Погба, кој се соочува со повеќегодишна суспензија поради позитивен допинг тест. Погба падна на допинг тест по првенствениот натпревар против Удинезе на 20 август. Францускиот играч за врска остана на клупата на „Дачија арена“, но беше еден од оние кои по случаен избор беа избрани за тестирање. Погба е автоматски суспендиран во очекување на анализа …

Continue Reading

Лукашенко пристигнува во Русија, утре ќе се сретне со Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко отпатува во Русија на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, јави БелТА. „Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска отпатува во официјална посета на Руската Федерација. Централниот дел од неговата посета ќе бидат разговорите со рускиот претседател Владимир Путин на 15 септември“, објави агенцијата. Забележано е дека разговорите ќе бидат фокусирани на меѓународната агенда и регионалните прашања, како …

Continue Reading

Вучиќ: Почнаа тешки разговори во Брисел

Денеска во Брисел се одржува нова рунда разговори меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, а со учество на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Аљбин Курти. Тие ќе се сретнат со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност и потпретседателот на Европската комисија, Жосеп Борел, како и со специјалниот претставник на Европската …

Continue Reading