(Видео) Стоилковски: 10 дена нема ништо, дали Онкологија ќе заврши како модуларна и Беса транс

10 дена грозоморието на Онкологија ја тресе државата, а нема никаков резултат. Мафијата си оди на работа веќе 10 дена, КАТО системот се уште стои исклучен, 10 дена доктори, сестри, вмешани, може да повторат делото, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Десет дена се кријат имињата, се остава да се влијае врз случајот, се остава да се забошоти случајот, да …

Continue Reading

Македонец кој се нашол на патот во Грција сведочи за страшната несреќа: „Патниците од автобусот не може да излезат, автомобилот беше целосно згмечен“

„Патниците не можеа да излезат од српскиот автобус додека не дојде брзата помош. Луѓето веднаш притрчаа да помогнат и ги извлекоа повредените и онесвестените“, сведочат очевидци на сообраќајната несреќа што се случи малку пред седум часот утринава во близина на македонската граница, од грчката страна, а во која учествуваа два автомобили и автобус со над 70 српски туристи. Станува збор …

Continue Reading

На крајот Американците останаа без медал – Канада со брoнза по драматичното продолжение

Најголемите фаворити, кошаркарската репрезентација на САД остана без медал на Светското првенство во Јапонија, Индонезија и Филипините, откако во драматична борба за третото место, загубија од Канада со 127:118 (34:25, 24:31, 33:26, 20:29, 16:7). По изненадувачкиот пораз од Германија, Американците под водство на тренерот Стив Кер, повторно беа фаворити и против своите соседи, но имаа полошо отварање на мечот, по …

Continue Reading

Лавров: Благодарение на земјите од глобалниот југ, Украина не ја засени агендата на Г20

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го нарече успешен самитот на Г-20 во Индија и рече дека поради консолидираната позиција на земјите од глобалниот југ, Русија успеала да се погрижи агендата на Г-20 да не биде засенета од украинскиот конфликт. Групата Г20 вчера на самитот усвои декларација за консензус, во која избегна да ја осуди Русија за војната во …

Continue Reading

Eден возач се преврте, друг излета од патот – две сообраќајки вчера кај Гевгелија, возачите се хоспитализирани

Двајца гевгеличани учествуваа во одделни сообраќајни незгоди во Гевгелиско, во текот на вчерашниот ден, пришто едниот со возилото се превртел на коловозот откако ја изгубил контролата, а вториот излетал од патот. МВР објави информации за двете сообраќајни несреќи: „Вчера во 17.15 часот во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат 1108, с.Ново Конско – Старо Конско, патничко моторно …

Continue Reading

Четврта жртва во сообраќајната несреќа на влезот на Грција, патниците од автобусот пренесени во болниците

Порасна бројот на жртви во сообраќајната несреќа што се случи на влезот на Грција. Грчката телевизија „ЕРТ“ јавува дека загинал и четвртиот патник од автомобилот кој утрово се судри со автобус полн со српски туристи на патот од Солун кон Евзони. 60-годишникот бил префрлен во болницата во Солун, каде подлегнал на повредите. Останатите тројца сопатници од истото возило изутринава беа …

Continue Reading

Царинската управа заплени автобус со специјално адаптиран простор за криење на стока

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги, на граничниот премин Табановце при извршена контрола открија автобус со специјално контруиран, адаптиран и изменет простор со цел криење на стока. Имено, на ден 08.09.2023, за излез од државата на граничниот премин Табановце се пријавил автобус од српска фирма превозник, кој врши редовен превоз на патници на релација Скопје …

Continue Reading

„Немаме куќа, немаме храна, само Господ може да ни помогне“: Страшни сведоштва од Мароко, загинаа цели семејства

Семејствата во Маракеш ја поминаа втората ноќ на улиците во неделата, бидејќи најсмртоносниот земјотрес во Мароко во повеќе од половина век, остави многумина да стравуваат дека повеќе не е безбедно да се вратат во своите домови. Од петочниот земјотрес, Мохамад Ајат Елхај (51) спие на улица со своето семејство во близина на источниот центар, откако откри знаци на оштетување на …

Continue Reading

Новата гренд слем шампионка Гоф: Немаше да станам тенисерка без Серена и Венус

Новокрунисаната шампион од САД опен, Коко Гоф признава дека станала тенисерка само поради влијанието на сестрите Серена и Венус Вилијамс. 19-годишната Гоф стана 14-тата американска тенисерка со победа на САД опен со победата над Арина Сабаленка во финалето во Њујорк. „Лудо е што сега и моето име е на овој трофеј покрај Серена и Венус. Тие се главната причина што …

Continue Reading