Скопјанец смртно настрада откако бил удрен од сопственото возило
63-годишен скопјанец настрада откако неговото возило кое било запрено, се придвижило и удрило во него. Вчера во 11.00 часот било пријавено дека во с.Патишка Река, скопско, запрено патничко возило „нисан терано“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.Ј.(63) од истото село, кој бил покрај возилото, се придвижило и удрило во него. На местото на несреќата починал Р.Ј., а смрт констатирал …
Continue Reading
Ковачевски во ГОБ 8 Септември: Со пуштање во употреба на новите сали за интервентна кардиологија и радиологија, создаваме услови за најсовремени интервенции
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за здравство д-р Фатмир Меџити и заменичката-министерка д-р Маја Манолева, беа во посета на ГОБ „8 Септември“ во Скопје. Во рамки на посетата премиерот Ковачевски ги посети трите нови сали за кардиологија и интервентна радиологија кои се опремени со нови модерни ангиографи. Со пуштањето во употреба денеска, во …
Continue Reading
(Видео) Портпаролот на Левица го запали Кривичниот законик
Во знак на револт за измените на Кривичниот законик, портпаролот на Левица го запали Кривичниот закон. „Во Република Македонија криминалот на политичките и бизнис интереси се аболицира. Широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ, со европско знаменце, ги амнестираше криминалите на своите политичари и функционери преку драстично намалување на казните за наместени тендери, злоупотреба на овластувањата и за злосторничко здружување“ вели портпаролот на Левица …
Continue Reading
Мишел: Војната во Украина има последици врз луѓето ширум светот
ЕУ силно ја поддржува Украина и врши притисок врз Русија, затоа што „војната на Кремљ“ уништува животи на само на украинска територија, туку и многу подалеку и поради неа над 250 милиони луѓе ширум светот се соочуваат со акутен недостиг на храна, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на прес-конференција пред почетокот на Самитот на Г20 во Њу Делхи. …
Continue Reading
Србија ја збриша Канада, ќе се бори за светската титула
Кошаркарската репрезентација на Србија избори пласман во финалето на Светското првенство во Манила. Србија во првото полуфинале на Мундобаскетот ја победи Канада со 95:86 (23:15, 29:24, 23:24, 20:23). Српските репрезентативци и понудија на публиката уште едно блескаво шоу на тимска кошарка и заслужено го совладаа канадскиот тим составен од бројни НБА ѕвезди. Секој српски играч даде значаен придонес во победата. …
Continue Reading
Ковачевски: Измените на Кривичниот законик се за побрзо казнување за кривичните дела и конфискација на имот
За премиерот Димитар Ковачевски, измените на Кривичниот законик се за побрза казнивост, идентификување на конкретни дела и конфискација на нелегално стекнат имот, а амнестија нема за никого да има. „Овие измени се токму за тоа, побрза казнивост, идентификување на конкретни дела и конфискација на нелегално и незаконски стекнат имот. Никаде во законот ако го погледнете нема никаква амнестија за никого, …
Continue Reading
(Видео) Гужва на граничниот премин Делчево, повеќе од еден час се чека за влез во Бугарија
На граничниот премин Делчево колона возила за влез во Бугарија. Патници информираат за сообраќаен метеж во делот на границата спрема бугарскиот граничен премин, каде се чека и до еден час за поминување. За поминување на македонската граница се чека до 45 минути. Единствента рута до познати туристички места е токму преку Делчево што е една од причините за зголемена фреквентност.
Continue Reading
Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски
По повод одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, утрово положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски во Алејата на великаните на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Во состав на владината делегација која им оддаде …
Continue Reading
Приведени двајца крадци од Скопје
Вчера околу 09.00 часот во Скопје од полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје се лишени од слобода С.А.(44) и А.М.(55), двајцата од Скопје. Имено, по преземени мерки и активности е констатирано дека на 07.06.2023 на автобуска постојка во близина на угостителски објект на подрачје на Гази Баба, пријавените одзеле предмет од Н.Т.. При извршениот …
Continue Reading