Петгодишно момче прегазено од комбе во Велика Британија: се наведнало да си ги врзе врвките од чевлите

Страшна трагедија ја погоди Велика Британија кога комбе удрило петгодишно момче, бидејќи возачот не го видел кога момчето се наведнало да си ги врзе врвките од чевлите. Возачот на комбето, Дарен Жак (40) е прогласен за виновен за смртта на Лејтон Дарвуд во Њукасл, Англија. Лејтон, во друштво на уште три деца, отишол во блиската продавница за да купи слатки …

Continue Reading

(Видео) Бурата Даниел стигна до Солун, драматично во Волос

Еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата Даниел ја погоди Тесалија. Пожарникарите биле повикани да спасат едно лице во Волос, но кога пристигнале пронашле мртов маж, објави „Катимерини“. Според прогнозата на метеорологот, во тој дел на Грција се очекуваат врнежи од дожд во наредните 24 часа, а синоќа беше исклучително обилен во Волос и цела Тесалија. …

Continue Reading
Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја

Ал-Итихад понуди 215 милиони фунти за Салах

Саудискиот клуб Ал-Итихад испратил официјална понуда до Ливерпул вредна дури 215 милиони фунти за крилниот напаѓач на „црвените“, Мохамед Салах, пренесува „Ај Спорт“. Салах минатото лето потпиша нов договор со Ливерпул. Клупските челници и тренерот Јирген Клоп тврдат дека нема намера да се откажат од неговите услуги. Сепак, „Скај спорт“, неодамна објави дека има сознанија дека челниците на клубот од …

Continue Reading

Стојаноска од собраниската говорница: Запрете со овој филм, надвор имаме ужасна реалност, а вие ќе си гласате закон за да се амнестирате

Собраниските пратеници завршија со одморот. На првиот работен ден, пратеничката од опозицијата Дафина Стојаноска му се обрати на собранискиот спикер и владејачкото мнозинство. Како стоите мирно денес тука, ги праша пратеничката Стојаноска, собранискиот спикер Талат Џафери и владејачкото мнозинство, алудирајќи на скандалот со Онкологија. „Да имавме луѓе со морална чест и доблест уште во саботата ќе расправавме за оставка на …

Continue Reading

Шојгу: Украинската контраофанзива е целосно неуспешна

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска ја оцени украинската контраофанзива како целосен неуспех, но рече дека ситуацијата е тензична во делот на јужниот регион Запорожје, кој е под контрола на Русија. „Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт“, го цитираше Шојгу, Министерството за одбрана. „Најтензичната ситуација е на фронтот во Запорожје. Непријателот ангажираше …

Continue Reading

(Видео) „За прв пат во борба, уништен британскиот Челинџер 2“, се појави снимка

На социјалните мрежи кружи видео кое наводно го прикажува уништувањето на британскиот Челинџер 2 во Украина, што би било првпат еден од тие тенкови да биде уништен во борба. Како што пишува „Гардијан“, видеото е направено од автомобил кој се обидува да избега од битката, а на снимката се гледа како „Челинџер 2“ е обвиен во густ сив чад. Од …

Continue Reading

(Видео) Богдановиќ влезе во историјата на СП

Српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ со 21 поен ја предводеше својата репрезентација во импресивната четвртфинална победа над Литванија (87:68). На Светските првенства Богдановиќ со 404 поени на вечната листа го престигна легендарниот Дражен Петровиќ. Богдановиќ е само шестиот играч во 21 век со повеќе од 400 поени и е 20. стрелец на сите времиња на Светските првенства. Bogdan Bogdanovic leads Serbia …

Continue Reading

Отворен конкурсот „Скопје на новата генерација“, кој преку млади архитекти и урбанисти има цел да го ревитализира Скопје

По повод 60 години од скопскиот земјотрес, Јуроп хаус го отвора архитектонскиот конкурс насловен „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град. Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места на градот. Целта на …

Continue Reading

Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура и Скопје имаат капацитет да бидат Европска престолнина на културата во 2028 година

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, оствари средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како подготовка пред заедничкото претставување на апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“ што ќе се одржи во Европската комисија во Брисел. Во седиштето на ЕУ во септември ќе се одржи панел-дискусија на која независни експерти назначени од институциите и телата на Европската …

Continue Reading