Левица: Соживотот да се гради преку антифашистичката историја, а не преку необалистички повици, уцени и закани

Денешниот неуспешен обид за бугаризација на Уставот потврди дека македонскиот народ е непосредно присутен во Собранието преку пратениците на Левица – присуство кое го смени текот на историјата и за прв пат успешно се спречи обидот за ново национално предавство преку менување на Уставот, велат од партијата преку соопштеие. „Низ целиот процес, во изминатите година дена, Левица го одржа народниот …

Continue Reading

Maж од Скопје најден онесвестен на плоштад, однесен е на Клинка

Синоќа во Полициската станица Центар било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен М.М.(47) од Скопје, кој, според пријавеното, бил пронајден во безсознание поради здравствени проблеми на Плоштад „Македонија“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, објави МВР во дневниот билтен.

Continue Reading

Скопјанец си ги силувал малолетните ќерки

Полицијата во Чаир вчера го приведе Ф.Х. од Скопје, постапувајќи по пријава  според која тој, пред повеќе години, извршил обљуба врз неговите, тогаш малолетни ќерки. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал делата, велат од МВР. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Прилепчанец го запалил татка си, па го гаснел огнот со ќебе

Полицијата приведе 20-годишник со иницијали Т.И., од прилепско село затоа што го нападнал својот 51-годишен татко. Двајцата се расправале, по што момчето со запалива течност го полеало и запалило татка си, а потоа веднаш со ќебе го изгасил огнот. Според информациите од полицјата, таткото се здобил со изгореници, констатирани во ГОБ Прилеп. Синот бил задржан во полициска станица.

Continue Reading

„Тутомеркато“: Саудијците ќе формираат фудбалска НБА лига која ќе се игра низ целиот свет

Огромен број ѕвезди ова лето заминаа во Саудиска Арабија, откако Кристијано Роналдо прв „потегна нога“ минатата сезона. Клубовите имаат огромни вложувања, а дојдоа и мегаѕвезди како Карим Бензема и Нејмар. „Тутомеркато“ пишува дека Саудијците имаат идеја да формираат светска фудбалска лига по моделот на кошаркарската НБА. Саудијците размислуваат да формираат различни конференции низ светот како НБА лигата, а потоа најдобрите …

Continue Reading
Понизноста на СДС и Ковачевски кон ДУИ, само да им опстои владата дозволи Скопје да стане косовски пашалак

(Видео) Со дерење заврши седницата за уставни измени, реакциите доаѓаат од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Со дерење заврши првата седница за уставни измени. Собранискиот спикер Талат Џафери ја затвори седницата во 15 часот, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ станаа, се дереа и негодуваа, барајќи да се гласа за отворање на Уставот. „Овде сме зошто да не гласаме, ајде да гласаме“, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, откако претседателот на Собранието, Талат Џафери ја заврши денешната седница. Ваквото барање беше …

Continue Reading

(Видео) Играат карти, чепкаат на „Фејсбук“, се нишкаат на фотелјите, читаат вести, прават влези – излези од салата: пратениците на седницата за Уставот

Говорите на собраниската говорница за уставните измени не им го задржаа вниманието на сите пратеници. Некои од нив беа посветени на мобилните телефони. Играње игри, читање вести, допишување, ставање реакции на социјалните мрежи, но и влези – излези од собраниската сала. Некои ги искористија фотелјите и за да се нишаат. Ова беа само дел некои од активностите за време на …

Continue Reading

„Македонскиот збор одекнува на сите континенти“ – отворена 56. Летна школа на МСМЈЛК при УКИМ

Македонскиот збор одекнувал, одекнува и ќе одекнува низ светот, на сите континенти! Со вложувањето во развојот на странската македонистика се следи и остварува аманетот на Мисирков. На Летната школа по македонски јазик, литература и култура, покрај семинаристи од земјите од кои редовно има учесници, сега повторно има семинаристи од земји во кои се надеваме тамошни универзитети ќе постстанат или повторно …

Continue Reading

(Видео) Мицевски: Прифатија услови за евроинтеграции кои значат или вечни преговори или асимилација

После цела година сеење на магла од страна на власта, излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 % од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. „Денес се соочија суверенитетот и интегритетот на …

Continue Reading