Русија развива нови модели на ирански дронови во тајна база, интензиво ќе се користат во Украина, открива „Вашингтон Пост“
Русија развива илјадници беспилотни летала дизајнирани од Иран во голема тајна воена база, според објавените документи на „Вашингтон пост“. Инженерите во објектот Алабуга во Татарстан, на околу 800 километри источно од Москва, се обидуваат да произведат околу 6.000 надградени дронови до 2025 година, објави „Вашингтон пост“. Иако производството е задоцнето, експертите веруваат дека тоа би можело да значи дека стотици …
Continue Reading
ВМРО-Народна партија: Северна Македонија ќе добие избалансиран Устав кој во никој случај не го загрозува идентитетот
ВМРО-Народна партија упатува порака и јасен став дека ќе гласа за измена и дополнување на Уставот се со цел, како што велат, конечно затворање на децениските проблеми на државата и конечно отпочнување на официјалните пристапни преговори за влез во Европската унија со отворањето на кластерите и реализација на потребните реформи. „Уште еднаш должни сме да кажеме дека со овие предлог …
Continue Reading
(Во живо) Менувањето на Уставот ставено на дневен ред, изгласан од 70 пратеници
Со еден час доцнење започна собраниската седница со единствена точка на дневен ред – уставни измени. Со неа раководи претседателот на Собранието, Талат Џафери. За дневниот ред гласаа 117 пратеници – од кои 47 пратеници „против“, 70 пратеници „за“, а воздржани немаше. „Констатирам дека е усвоен предложениот дневен ред“; кажа Џафери. Во собраниската сала, во првите редови седи премиерот Димитар …
Continue Reading
Жената која се обиде да го убие Трамп е осудена на 22 години затвор
Жена од Канада е осудена на 22 години затвор во САД затоа што испратила коверти со писма со отровот рицинус на неколку адреси, вклучувајќи ја и онаа на Доналд Трамп кога тој беше претседател на САД. Смртоносниот плик адресиран до Трамп беше пресретнат во септември 2020 година пред да биде доставен во Белата куќа. Паскале Фериер (56) се изјасни за …
Continue Reading
(Видео) „Кајмак“ на Милчо Манчевски на Сараевскиот филмски фестивал
Извонреден прием со преполно гледалиште, многу смеа и апалаузи имаше синоќа „Кајмак“ на најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на Сараевскиот филмски фестивал. „Со ‘Кајмак’ го омрсивме Сараево. Убаво е кога некој ви ја цени работата, трудот и уметноста“, изјави Манчевски кој во Сараево има третман на легенда на европската кинематографија. Како гостин на Фестивалот, Манчевски доби и почесно место на …
Continue Reading
Мицевски: Ден за историја, не за уставни измени
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, Никола Мицевски го повтори ставот на партијата која најави дека нема да ги поддржи уставните измени. „Ден за историја! Не за уставни измени! Македонскиот народ има своја засебна историја, култура и свој македонски јазик, а Македонија јасен државно – политички континуитет“, напиша Никола Мицевски на социјалните мрежи.
Continue Reading
Тео Волкот објави крај на кариерата: Сакам да го искусам животот
Поранешниот англиски репрезентативец Тео Волкот објави крај на активната фудбалска кариера. Тој донесе одлука да се повлече на 35 – годишна возраст откако му истече договорот со Саутемптон. „Ќе ги закачам копачките на клинец. Страшно е чувството, не можам да лажам… Страшно е бидејќи фудбалот е сѐ што знам од мојата 16. година, можеби и порано. Сакам да пробам други …
Continue Reading
(Видео) Ковачевски: Армијата е нашата гордост, гарант на мирот во Северна Македонија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 август–Денот на Армијата на Република Северна Македонија. „Вооружените сили носат две важни нишки во нашето постоење, првата е што отворија мирен пат за наша независност и суверенитет, втората што децении беа најголем амбасадор на нашата држава на меѓународен …
Continue Reading
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведено едно лице
Во текот на вчерашниот ден во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го привеле Т.А.(28) од Велес, со привремен престој во Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена …
Continue Reading