По Јапонија, тропската бура „Ханун“ ја погоди и Јужна Кореја

Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од дожд до 60 мм на …

Continue Reading

Изгаснати 25 пожари во текот на вчерашниот ден

Во текот на вчерашниот ден изгаснати се 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, известуваат од Центарот за управа со кризи. Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што известија, изгаснат е и пожар во …

Continue Reading

Санкционирани 212 возачи на мотоцикли, три мотоцикли одземени

Спроведена е засилена акциска контрола вчера на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 212 возачи. Од нив, како што соопштија денеска МВР, 133 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 36 возеле без возачка дозвола, три мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување …

Continue Reading

„Антолог“ ја објави книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“

Издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, во која се содржани разговори со академикот Влада Урошевиќ. Книгата ги содржи разговорите што Урошевиќ и Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел е …

Continue Reading

Утре започнува процесот на сослушување на уапсените за убиството на навивачот на АЕК

Уапсените 104 лица за инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот навечер, кога беше убиен 29-годишен навивач на атинскиот тим, од утре до недела ќе бидат изведени пред истражен судија каде што ќе дадат исказ и ќе бидат сослушани, јави дописничката на МИА од Атина. Уапсените, од кои над 90 се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб, вчера побарале и …

Continue Reading

Навивачите на Динамо Киев во пресрет на натпреварот со солунски Арис со поддршка за уапсените навивачи на Динамо Загреб

Со фотографија од тромблонски мини со порака за ослободување на „Bad blue boys“, објавена на Твитер од профилот на чешките хулигани, се изразува поддршка од Динамо Киев за „пријателите од Динамо Загреб, кои се уапсени во Атина“, јави дописничката на МИА од Атина. Фотографијата е објавена вчера, а е во пресрет на вечерашниот натпревар на Динамо Киев со Арис во …

Continue Reading

Кејти Пери и Орландо Блум на Суд – наводно купиле вила од повозрасен човек кој „не бил при здрав разум“

Американската пејачка Кејти Пери и нејзиниот вереник, глумецот Орландо Блум, одат на судење со 83-годишен маж кој тврди дека на двојката ѝ го продал својот дом во Санта Барбара вреден 15 милиони долари додека тој „не бил при здрав разум и чиста свест“, пишува „Дејли мејл“. Имено, првичниот сопственик Карл Вескот смета дека договорот со Пери и Блум не бил …

Continue Reading

Предложено преместување на тетовската библиотека, според вработените тоа не е соодветно решение

Вработените во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ алармираат дека иницијативата од страна на Министерството за култура за нивно преместување во друг дел од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја отежни работата, а просториите не се соодветни за библиотечна дејност. Првично, предвидено е библиотеката да се премести во соседните простории кои досега ги користеше Факултетот за музички уметности при Универзитетот во …

Continue Reading

Приведен крадец од Штип, одземаното вратено кај сопственикот

Приведен е 23-годишен жител од Штип под сомнение дека сторил кривично дело „кражба“. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека вчера околу 14:30 часот е приведен А.Ј. од Штип. Тој се сомничи дека одзел пари од возило на фирма за брза пошта. Одземаното е вратено кај сопственикот, а лицето е задржано во полициска станица.

Continue Reading