Навивачите на Динамо Киев во пресрет на натпреварот со солунски Арис со поддршка за уапсените навивачи на Динамо Загреб

dinamo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со фотографија од тромблонски мини со порака за ослободување на „Bad blue boys“, објавена на Твитер од профилот на чешките хулигани, се изразува поддршка од Динамо Киев за „пријателите од Динамо Загреб, кои се уапсени во Атина“, јави дописничката на МИА од Атина.







Фотографијата е објавена вчера, а е во пресрет на вечерашниот натпревар на Динамо Киев со Арис во Солун во третото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

На тромблонските мини во сина боја, хулиганите, освен што бараат ослободување на навивачите на Динамо Загреб,  испишан е датумот 7 август и порачуваат дека „Bad blue boys се кралеви на Европа“.

Грчката државна телевизија ЕРТ коментира дека станува збор за провокација од Динамо Киев и истакнува дека од солунски ФК Арис ги презеле сите неопходни мерки за да се избегнат било какви инциденти за време на денешниот натпревар.

Навивачите на гостинскиот тим се збратимени со оние од Динамо Загреб.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK