Еуробаскет У-16: Македонската репрезентација поразена од Летонија, ја чека тешка борба за опстанок во А-дивизијата

mkd kosarkari
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 По вечерашниот поразот од Летонија со 46:57, македонската кошаркарска репрезентација до 16 години се најде во незавидна позиција на Европското првенство што се одржува во Скопје.







 

„Црвено-жолтите“ се наоѓаат во серија од четири порази и ќе играат за пласман од 13. – 16. место на Еуробаскет 2023.

 

Од А-дивизијата испаѓаат трите најслабопласирани селекции, па за опстанок на македонските кошаркари им се потребни две победи на последните две средби.

 

Следен противник на избраниците на селекторот Јованчев ќе биде поразениот од вечерашниот меч Турција – Израел. Во случај на победа, опстанок ќе се бара на средбата со поуспешниот од дуелот Белгија – Црна Гора.

 

Инаку, на ЕП во Скопје формирана е првата полуфинална двојка, во неа се среќаваат Италија и Франција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK