Македонските ракометари ќе играат за 9. место на СП до 19 години

rakometari_2423432432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во вториот натпревар од разигрувањето за пласман од 9. до 12. место на ракометниот Мундијалот во Хрватска, македонската репрезентација до 19 години, вечерва во Копривница ја победи соодветната репрезентација на Унгарија со 22:20 (полувреме 12:12).







 

На првиот дуел од овој сегмент на Светското првенство Чешка денес ја совлада Саудиска Арабија со 36:33.

 

Па така, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ во битката за 9. место ќе ги одмерат силите против Чешка, додека за 11. место Унгарците ќе се соочат со Саудиска Арабија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK