Блер: Климатски проблеми не можат да се решат без учество на Кина

Поранешниот британски премиер Тони Блер изјави дека климатските проблеми не можат да се решат без учество на Кина. Блер ги предупреди лабуристите дека не вреди да се наметнуваат дополнителни трошоци на гласачите за спроведување на „зелените политики“, бидејќи, како што истакна, важни се само емисиите на загадување во Кина. Тој во интервју за „Њу Стејтсмен“ го предупреди лидерот на лабуристите …

Continue Reading

Јончевски: Кошаркарите мотивирани ги очекуваат олимписките претквалификации во Талин

Селекторот на македонската машка кошаркарска репрезентација Александар Јончевски е задоволен од досегашниот тек на подготовките за претстојните олимписки претквалификации во Талин, додавајќи оти играчите имаат мотив да се претстават себеси и државата во најдобро светло. Турнирот во естонската престолнина 12. до 15. август за македонските кошаркари ќе биде втор настап во историјата во квалификации за место на Олимписките игри, по …

Continue Reading

„Тојота“ лидер на светскиот автомобилски пазар во првата половина од 2023 година

Јапонската корпорација „Тојота“ (Toyota Motor Corp.) е лидер на светскиот автомобилски пазар во првите 6 месеци од 2023 година, престигнувајќи го четврта година по ред (за периодот од првата половина од годината) – германскиот концерн „Фолксваген“ и другите главни конкуренти. Автомобилската индустриска групација „Тојота“ објави дека во првата половина од 2023 година продале 5,42 милиони возила ширум светот, или 5,5 …

Continue Reading

„Инклузива“ ќе почне проект за инклузија во пристап до јавни информации

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ ќе почне со реализација на проектот „За инклузија во пристап до јавни информации за лица со попреченост“, информираа од здружението. Проектот има за цел да го зголеми бројот на едуцирани потенцијални баратели, лица со попреченост за пристап до јавни информации. Преку проектот ќе се обучи општинската администрација за поддршка на лица …

Continue Reading

Спасовски: Флешери на возилата имале градоначалници, министри, раководители, но сега нема

Флешери на возилата имале градоначалници, министри и раководители, но во минатото, сега не, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање дали вакви уреди има и на возилата и на членови на СДСМ, како што беше случај со запаленото возило, кое медиумите го поврзуваат со првиот вицепремиер Артан Груби. -Дали имало во политички партии? Имало. Дали имало …

Continue Reading

Ковачевски: Владата и годинава ќе го субвенционира парното греење во Скопје

Во Буџетот има одвоено средства во износ од 250 милиони евра за антикризни мерки, а една од антикризните мерки е и субвенционирање на парното греење во Скопје. Ќе ги видиме пресметките што ги дале компаниите кои учествуваат во производството и дистрибуцијата и проценките за движење на цената на гасот и на другите енергенси од кои се произведува топлинската енергија и …

Continue Reading

Ковачевски: МНР ги прима дипломатските ноти и соодветно ќе одговори на бугарската нота

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање дали е примена дипломатска нота од Бугарија по вчерашните случувања пред фудбалскиот натпревар Шкупи-Левски, рече дека Министерството за надворешни работи е тоа коешто ги прима нотите и дека соодветно ќе биде одговорено. – Тоа што вчера се случи беше резултат на хулигани и луѓе кои немаат никаква врска со спортот и …

Continue Reading

Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“ може да му предизвика „правни главоболки“ на Маск во ЕУ

Преименувањето на „Твитер“ во „Икс“, што се случи оваа недела, би можело да резултира со правни постапки против сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск од страна на неколку компании на територијата на Европската Унија. Како што објави „Политико“, во Канцеларијата за интелектуална сопственост на Европската Унија веќе има регистрирано 262 заштитени трговски марки „Икс“, меѓу кои и на компании како …

Continue Reading

Стејт департмент: Инвестициската клима во Србија е умерено подобрена во изминатите години

Инвестициската клима во Србија е умерено подобрена во последните години што е потикнато од макроекономските реформи, финансиската стабилност и фискалната дисциплина, американските инвеститори генерално имаат позитивен став за водење бизнис, иако, како што е наведено, загрижува големото политичко влијание врз економијата, оцени американскиот Стејт департмент во овогодишниот Извештај за инвестициската клима во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. – …

Continue Reading