Четири канадери од Италија и Франција ќе помагаат во гаснењето на пожарите во Грција

Преку механизмот на Европската Унија за цивилна заштита и по барање од грчка страна за справување со пожарите, во Грција ќе бидат испратени два канадери од Франција и два од Италија, соопшти ЕУ комесарот за цивилна заштита Јанез Ленарчич, јави дописничката на МИА од Атина. Ленарчич на Твитер напиша дека по барањето од Грција за помош за справување со шумските …

Continue Reading

Српско МО: Турција интензивно ја вооружува Приштина

Државниот секретар на српското Министерство за одбрана Немања Старовиќ денеска изјави дека Турција интензивно работи на вооружување, обука и опремување на косовски безбедносни сили, што е во спротивност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како и со Бриселскиот и сите други релевантни договори јави дописникот на МИА од Белград. -Секако, ние интензивно ги следевме сите овие процеси, …

Continue Reading

Мистериозен споменик од Свети Наум го привлече вниманието на меѓународната научна јавност

Во дворот на манастирот „Свети Наум“ кај Охрид веќе неколку години се наоѓа еден необичен каменен споменик кој ги збунува посетителите. Истиот изгледа многу рустично, но и таинствено привлечен во околниот манастирски амбиент. Токму овој споменик се најде на насловната страница на новиот број од меѓународното научно списание Studia Mythologica Slavica, во издание на Научно-истражувачкиот центар на Словенечката академија на …

Continue Reading

Уапсени 16 полицајци во БИХ поради корупција

Најмалку 16 полицајци се уапсени денеска во БиХ во рамки на истрагата за корупција во полициските структури, потврди Министерството за внатрешни работи на Зеничко-добојската жупанија. Во рација извршена врз основа на судски наредби, приведени се полициски службеници кои биле на должност во градот Какањ, кај Зеница. Евледин Фишек, портпарол на Министерството, потврди за локалните медиуми дека истрагата опфатила вкупно 20 …

Continue Reading

Компанијата „ОКТА“ продолжува со поддршката за македонската кошаркарска репрезентација

Во пресрет на претквалификацискиот турнир за место на Олимписките игри во Париз, компанијата „ОКТА“ ја продолжува поддршката на кошаркарска федерација како главен спонзор. Договорот за спонзорство вклучува поддршка на македонската машка репрезентација и во натпреварите од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025, кој треба да започне во февруари идната година. – Среќни сме што го продолжуваме партнерството, а со тоа и …

Continue Reading

Бројот на жртви следбеници на сектата во Кенија нарасна на 403

Властите во Кенија денеска соопштија дека пронашле уште тела во шумата Шакахоле на истокот од земјата, со што бројот на жртви на сектата „Меѓународна црква на добри вести“ што повикива на постење нарасна до 403. Тамошните власти очекуваат оваа последна потврдена бројка уште повеќе да се зголеми, бидејќи потрагата по масовните гробници се уште трае, речиси три месеци по откривањето …

Continue Reading

Салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење

Новиот летен хит – салата од лубеница, краставица, кромид и „фета“ сирење е идеален за освежување во текот на топлите месеци. За овој рецепт потребни се: 50 милилитри маслиново масло, две лажички вински оцет, половина кафена лажичка сол, 400 грама лубеница, 150 гр. свежа краставица, половина глава црвен кромид, грст нане и 150 гр. од исечкано „фета“ сирење. Подготовка: Лубеницата се …

Continue Reading

Илир Демири назначен за нов директор на Клиничката болница Тетово

Доктор Илир Демири денеска е именуван за нов директор на Клиничката болница во Тетово. Тој е именуван од страна на министерот за здравство, а на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор во Ковид-19 центарот. Од Министерството за здравство информираат дека доктор Демири е специјалист инфектолог, кој поседува богато работно искуство и …

Continue Reading

Првиот конвој на силите на „Вагнер“ пристигна во напуштена воена база во Белорусија

Првиот конвој на силите на Вагнер пристигна во претходно напуштената воена база во Белорусија, а на пат кон неа се уште најмалку два конвоја, покажа анализата на Си-Ен-Ен на сателитски снимки и видеа на социјалните мрежи. Сателитските снимки од компанијата Планет Лабс го покажуваат првиот конвој кој пристигнува во белоруската воена база која со години е празна вчера нешто по …

Continue Reading