Превентивно евакуирани четири села поради пожарот во Дрвенохорија, северозападно од Атина

– Преку порака од бројот 112 за итни случаи беше побарано од жителите на четири села превентивно да се евакуираат поради пожарот во областа Дервенохорија на околу 60 километри северозападно од Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис рече дека токму во овој дел е мобилизиран најголемиот број на копнени и воздушни …

Continue Reading

Русија: Синоќешните воздушни напади беа одмазда за Кримскиот мост

 – Министерството за одбрана на Русија соопшти дека нападите во текот на ноќта врз два украински пристанишни града, Одеса и Миколаев, биле „чин на одмазда“ и додаде дека ги „погодиле сите цели“ во Одеса и Миколаев. Руските воздушни напади следеа еден ден по нападот на мостот кон Крим што ја поврзува Русија со Крим, за кој Москва ја обвини Украина. …

Continue Reading

Во Пробиштип од утре бесплатен линиски превоз

– Општина Пробиштип од утре воведува бесплатен линиски превоз, најави денеска градоначалникот на Општината, Драган Анастасов. Тој за МИА вели дека бесплатен линиски превоз ќе има два дена во неделата, односно секој понеделник и среда. Општината за реализацијата на овој проект има издвоено 560.000 денари од сопствениот буџет, и овие средства се за да се реализира превозот до крајот на …

Continue Reading

Приведени двајца гостиварци, извршиле кражба во куќа

Полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(40) и 37-годишната З.С., двајцата од гостиварското село Неготино. Како што информира МВР, Б.С. и З.С. претходно биле пријавени од 35-годишна жителка на гостиварска Топлица дека извршиле кражба во нејзината куќа. Тие биле ангажирани за чистење и средување на внатрешните простории. Кај лицата било пронајдено одземеното и било вратено на сопствениците. …

Continue Reading

Најмалку еден дел од мостот на Крим е непоправливо оштетен по вчерашните експлозии, тврди руски вицепремиер Хуснулин

Рускиот вицепремиер Марат Хуснулин изјави дека најмалку еден дел од мостот на Крим е непоправливо оштетен по вчерашните експлозии. За време на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, Хуснулин наводно рекол дека мостот нема да биде целосно отворен за сообраќај до ноември. Патниот сообраќај беше делумно обновен по експлозиите, но вчера имаше долг сообраќаен метеж додека руските туристи се упатија …

Continue Reading

Утринско и ноќно миење на улиците во Куманово

Почна ноќното миење на главните сообраќајници и плоштадот во Куманово, информираа денеска од Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“. – Поради портокаловата фаза во којашто се наоѓа нашата земја и екстремно високите температури согласно препораките, нашите екипи активностите ги започнаа уште во раните утрински часови со интензивно миење на плоштадот, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски. Ноќва се …

Continue Reading

Жител на Кичево загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Битола-Кичево, кај село Кладник вчера во 13:15 часот загина жител на Кичево. Како што информира МВР, Г.С.(58) од Кичево, управувајќи патничко возило „лада самара“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна …

Continue Reading

СМО предупредува на ризик од срцев удар, смртни случаи додека топлотниот бран се засилува

Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера допрва ќе се интензивира неделава, што ќе предизвика пораст на температурите во текот на ноќта и ќе доведе до зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО). – Температурите во Северна Америка, Азија и низ Северна Африка и Медитеранот ќе бидат над 40 степени Целзиусови во поголем …

Continue Reading

Во Прилеп почна меѓународната ликовна колонија „Дрен“ со уметници од земјава и од странство

Деветнаесет уметници од земјава и од странство почнаа да ги создаваат своите дела на 15-та меѓународна ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2023“ што до 23 јули ќе се одржува во Прилеп. Уметниците ќе работат во повеќе дисциплини: скулптура, инсталација, сликарство и ќе користат различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер. Се очекува годинава да се создадат 40 дела. -Уметниците и …

Continue Reading