СМО предупредува на ризик од срцев удар, смртни случаи додека топлотниот бран се засилува

wmo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера допрва ќе се интензивира неделава, што ќе предизвика пораст на температурите во текот на ноќта и ќе доведе до зголемен ризик од срцеви удари и смртни случаи, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО).

– Температурите во Северна Америка, Азија и низ Северна Африка и Медитеранот ќе бидат над 40 степени Целзиусови во поголем број денови оваа недела, бидејќи топлотниот бран ќе се засилува, се вели во соопштение на СМО.



Минималните температури во текот на ноќта, исто така, ќе достигнат нови рекорди, според СМО, со што се создаваат ризици од зголемени случаи на срцеви удари и смртни случаи.

– Иако најголем дел од вниманието се фокусира на дневните максимални температури, температурите во текот на ноќта се тие што имаат најголеми здравствени ризици, особено за ранливите популации, велат од СМО.

Џон Наирн, виш советник за екстремна топлина во СМО, кој е истражувач специјализиран за проучување на топлотните бранови, во Женева изјави дека високите температури што Европа ги доживува во моментов сигурно ќе се зголемат.

– Медитеранскиот топлотен бран е голем, но ништо како она што го помина Северна Африка. Во оваа фаза се развива во Европа, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK