Женските трки забранети за трансродови велосипедисти

Меѓународниот велосипедистички сојуз (УЦИ) соопшти денеска дека воведе забрана за учество на трансродови натпреварувачи кои по завршување на пубертетот го смениле полот. Одлуката доаѓа откако 27-годишната Американка Остин Килипс минатиот месец стана првата трансродова жена која победи на официјално велосипедско натпреварување. „Отсега на трансродовите спортистки кои го смениле полот по (машкиот) пубертетот ќе им биде забрането учество на натпреварувањата во …

Continue Reading

Регулаторна комисија одлучи да ги зголеми цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 10.7.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 3,854%, кај дизелот зголемувањето е …

Continue Reading

Путин: Пригожин одби да ѝ се приклучи на руската армија, Вагнер обучува белоруски војници

Шефот на руската платеничка вооружена група „Вагнер“, Евгениј Пригожин ја отфрли понудата неговите борци да се приклучат на руската армија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Путин рече дека голем број команданти на руската армија го поддржале планот Пригожин да командува со тие луѓе, што било предложено на заедничката средба во Москва на 29 јуни, јави Би-би-си. Сепак, Пригожин одговори …

Continue Reading

Ѓорѓиевски: Темелно ја реконструираме фреквентната „Герника” во Драчево

Почна реконструкцијата на улицата „Герника“ во Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во почетните активности на градежниот зафат на површина од околу 2800 квадратни метри на кој ќе се работи до крајот на месецов, известуваат од општината. – Денеска почнуваме со градежни активности на улицата „Герника“, во Драчево, на чија реконструкција се чека речиси 30 години. За итната потреба …

Continue Reading

Предупредување за опасни горештини во југозападниот дел на САД, поплави во североисточниот

Американските метеоролози објавија предупредување за опасна состојба од топлотниот бран што деновиве се очекува да го зафати југозападниот дел на САД. Милиони луѓе се изложени на прекумерни горештини и состојбата се очекува да се влоши викендов и идната недела. Националната метеоролошка служба објави препораки за прекумерна атмосферска температура, будност и предупредување за огромна област каде живеат над 100 милиони Американци. …

Continue Reading

Во Велес утре второ авионско прскање против комарци

Утре во периодот помеѓу 05:00 и 08:00 часот, Општина Велес ќе го спроведе второто авионско третирање против комарци на територијата на градот и приградските населени места. Од Општина Велес соопштуваат дека со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. Исто така, ќе се третира рекреативниот центар „Езеро Младост“ …

Continue Reading

Албанската полиција запленила оружје и муниција кое требало да биде пренесено во Северна Македонија

Полицијата од албанскиот град Поградец запленила арсенал оружје и воена муниција, што требало да бидат прошверцувани во Северна Македонија, соопшти полицијата. – Финализирана е акцијата „Старова” во која запленети се лесен митралез, автоматско огнено оружје, две полуавтоматски пушки, значителна количина боева муниција, реденик за миталез со 30 куршуми, рачни гранати, подвижни делови од пушката. Истите се одземени како материјален доказ, …

Continue Reading

Комшиќ од неделата ќе претседава во Претседателството на Босна и Херцеговина

Од 16 јули 2023 година, според принципот на ротација, функцијата претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина ќе ја преземе Жељко Комшиќ, хрватскиот член на Претседателството на БиХ. Претседателството на БиХ соопшти дека оваа ротација се одвива врз основа на член 5 став (2) б. од Уставот на Босна и Херцеговина, а во врска со член 5 став (2) од …

Continue Reading

Велосипедска меморијална тура „Коце Ѓорѓиев“ в недела од Демир Капија до локалитет „Бел рај“

Осмата по ред велосипедска меморијална тура „Коце Ѓорѓиев“ ќе се реализира во недела од Демир Капија до локалитет „Бел рај“, информираа попладнево од Спортски клуб „Клисура“. – Стартот е во девет часот од плоштадот Демир Капија. Се вози преку клисурата, асфалт 10 километри плус 16 километри земјен пат, вкупно 26 километри во еден правец. Турата се вбројува во полесни тури …

Continue Reading