Комшиќ од неделата ќе претседава во Претседателството на Босна и Херцеговина


komshikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од 16 јули 2023 година, според принципот на ротација, функцијата претседавач со Претседателството на Босна и Херцеговина ќе ја преземе Жељко Комшиќ, хрватскиот член на Претседателството на БиХ.

Претседателството на БиХ соопшти дека оваа ротација се одвива врз основа на член 5 став (2) б. од Уставот на Босна и Херцеговина, а во врска со член 5 став (2) од Деловникот за работа на Претседателството на Босна и Херцеговина.


Претходно на функцијата претседавач со Претседателството на БиХ беше Жељка Цвијановиќ, српската членка на Претседателството на БиХ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK