Ѓорѓиевски: Темелно ја реконструираме фреквентната „Герника” во Драчево

gjorgjievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почна реконструкцијата на улицата „Герника“ во Драчево. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска изврши увид во почетните активности на градежниот зафат на површина од околу 2800 квадратни метри на кој ќе се работи до крајот на месецов, известуваат од општината.







– Денеска почнуваме со градежни активности на улицата „Герника“, во Драчево, на чија реконструкција се чека речиси 30 години. За итната потреба од градежен зафат говори самата состојба во која се наоѓа „Герника“, но и нејзината важност како сообраќајница која води кон главна улица на која секојдневно се одвива јавниот градски превоз, која претставува конекција со железничката станица и која дополнително очекуваме да биде многу користена откако ќе го завршиме со изградбата на новиот рекреативен центар во „Дупки“ со летно кино, вели Ѓорѓиевски.

На крајот од улицата, ќе биде изграден и паркинг простор за околу 30-тина возила.

– Сè на сè, до крај на месецов, како што им ветив на моите сограѓани, овој дел од нашата општина ќе добие и лик и функционалност какви што заслужува и на кои никако не смеело да се чека триесет години, изјави Ѓорѓиевски. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK