Се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со Договорот за изведба на Клиничка болница – Штип, пришто е разгледано и усвоено решение за динамично завршување на изградбата на новиот објект на болницата, согласно законските процедури. Целта е, соопштија од владината прес-служба, граѓаните на Штип и вработените да добијат во најскоро време клиничка болница …

Continue Reading

Јавниот долг на Албанија изнесува 63,27 отсто од БДП

Албанската министерка за финансии и економија Делина Ибрахимај на денешната прес-конференција изјави дека на крајот на првиот квартал од годинава јавниот долг на Албанија достигнал ниво од 63,27 отсто од Бруто домашниот производ (БДП). – Јавниот долг на крајот на 2022 година беше за околу 10 процентни поени помал од крајот на 2021 година, а трендот на намалување продолжи и …

Continue Reading

Прифатен е усогласен текст на договор за воспоставување два заеднички гранични премина со Косово

Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце – Глобочица“ и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот помеѓу двете влади за воспоставување на овие два заеднички гранични премина. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски …

Continue Reading

Словенецот Примож Глиха е нов селектор на фудбалската репрезентација на Косово

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) одлучи денеска да го именува Словенецот Примож Глиха за нов селектор на косовската репрезентација, јави дописникот на МИА од Приштина. Одлуката е донесена на денешната седница на Извршниот комитет (ИК) на ФФК, на која за помошници на Глиха, кој треба да го води Косово во натамошните квалификации за Европско првенство што 2024 година ќе се …

Continue Reading

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

АМСМ информира дека од 16:50 часот на магистралниот пат А-1, патен правец Прилеп-Градско, поточно во атар на село Тројаци, сообраќајот е во прекин во дватта правци. Сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

Continue Reading

Во Тихи Океан се урна руски авион МиГ-31

Руски воен авион МиГ-31 денеска се урна во Тихи Океан. Несреќата се случила за време на тренажен лет. Сè уште не е позната судбината на двајцата членови на екипажот. Руската армија соопшти дека авионот, што се урна во заливот Авача, на југоисточниот брег на полуостровот Камчатка, не носел оружје. МиГ-31 е ловец со два мотори, со две седишта, дизајниран да …

Continue Reading

Владата ја одржа 164-та седница, донесени повеќе одлуки

Владата на Република Македонија на денешната 164-та седница, разгледа и усвои повеќе решенија, меѓу кои да се активираат процедури за динамично завршување на изградбата на Клиничка болница – Штип, како и за прифаќање на усогласен текст на Договор, со што се воспоставуваат два заеднички гранични премини со Република Косово Владата, како што информираат од владината прес-служба, ја разгледа и усвои …

Continue Reading

МП: Нови изводи на родени со графа националност, упатството не се коси со законите

Нови изводи на родени со графа националност. Упатството не се коси со законите, туку е во согласност со Законот за матична евиденција, соопшти Министерството за правда, споделувајќи фотографии од новите изводи. – Националност во матичната книга на родените се предвидува во членот 4, на венчаните во членот 11 и на умрените во член 13 од Законот за матична евиденција, се …

Continue Reading

Распишана наградата за најдобар расказ „Живко Чинго“

Општина Охрид по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Чинго“ и оваа година распиша конкурс за најдобар расказ. Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија. Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адресата – Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 …

Continue Reading