У18: Македонските кошаркари подобри од Црна Гора

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години го забележа првиот триумф на Меѓународниот турнир „Боби Петковски“, совладувајќи ја во второто коло селекцијата на Црна Гора со 70-67. Во неизвесен натпревар во вторникот вечер во салата „26 Април“ во Гевгелија, македонските кошаркари имаа минимална предност на полувремето (34-33), а и покрај осцилациите во играта во вториот дел на крајот успеаја да …

Continue Reading

Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведен дилер

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера го привеле Н.И.(62). По претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело. Н.И. е приведен …

Continue Reading

Вучиќ: Албанските полицајци вперија пушки кон син ми и го прашаа „татково име?“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека албанските полицајци кај Подуево, ги впериле пушките кон неговиот син Данило, кој беше во Косово на митингот во Грачаница по повод Видовден, барајќи по секоја цена да ја соблече маицата со натпис „Предавањето не е опција“, но дека не успеале во тоа, јави дописникот на МИА од Белград. – Дури сега дознав што …

Continue Reading

Преговорите за ставање крај на бунтот на групата Вагнер можеби сè уште траат, тврди Институтот за проучување на војната

Преговорите за ставање крај на вооружениот бунт на групата Вагнер можеби сè уште траат, соопшти денеска американскиот Институт за проучување на војната (ISW). Шефот на платеничката група, Евгениј Пригожин, во вторникот отиде во егзил во соседна Белорусија, откако Русија објави дека нема да го обвини за бунтот. Белоруската групација „Проект Хајун“ ги анализирала податоците од летот од вторникот и утврдила …

Continue Reading

Двајца македонски спортисти денеска на Европските игри

Двајца македонски спортисти ќе настапат на денешната програма на Европските игри кои од 22 јуни до 2 јули се одржуваат во Полска. Според програмата, Димитар Пејчиновски претпладнево го очекува премиерниот настап во текбол, а противник ќе му биде Кестутис Балчиунас од Литванија, по што следува дуелот со Адриан Душчак од Полска. На патеката во Колна ќе се појави и Ангел …

Continue Reading

Непријатна миризба на запалена пластика ги вознемирува тетовци

Неколку денови во вечерните часови во Тетово се чувствува непријатна миризба на запалена пластика, алармираат граѓаните кои се обратија до редакцијата на МИА. Стравуваат од последици по здравјето. -Јас живеам кај стадионот и секоја вечер се чувствува мирис на запалена пластика. Според мое искуство тоа е поради горење и топење на гранулатите од нафта со кои се создава пластиката и …

Continue Reading

Идентификувани уште шест лица за упадот на изложбата во Солун на македонскиот уметник Андреевски

Грчката полиција идентификуваше уште шест лица од групата, кој пред два месеци упадна на изложбата во Солун на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски, со што вкупно се идентификувани 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во рамките на континуираната истрага и по наредба од Основното обвинителство на Солун биле идентификувани уште шест лица, пет …

Continue Reading

Димитриеска-Кочоска: И со евтината тарифа струјата повторно ќе поскапи

Aмбасадорите го кажуваат она што ние знаеме дека се случува и бизнис секторот се соочува во овие проблеми. Загрижувачки е тоа што се дава лоша порака кон странските инвеститори иако ние и немаме нови инвестиции освен оние што веќе се присутни, вели Гордана Димитриеска -Кочоска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и една од потпретседателите на партијата. Таа во интервјуто …

Continue Reading

Црн чај и чај од ѓумбир против невообичаената надуеност во лето

Летните горештини носат изгореници, топлотни удари, прекумерно потење, но се јавува и непријатната надуеност во цревата којашто честопати предизвикува болки. Според познавачите, постојат два напитоци што се од помош околу овој проблем, а се и прилично достапни. Како една од причините за надуеност во лето, се наведуваат ладните пијалаци. Сепак, британската нутриционистка Памела Мејсон од „Ти едвајзори панел“, специјализиран за …

Continue Reading