Битиќи: Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена

Македонија и Полска имаат голем потенцијал за развивање на трговската размена, посочи вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на денешната средба со парламентарна делегација од Полска, предводена од Ричард Терлецки, заменик-претседател на полскиот Парламент. Битиќи, како што соопшти неговиот Кабинет, нагласи дека иако Полска постојано се вбројува во нашите 10 до 15 најголеми …

Continue Reading

Ковачки: Како Бесиан Ахмети, втор внук на Али станува Прв секретар во амбасадата во Брисел со 10 месеци стаж, Османи го назначил противправно

Кланот Ахмети, покрај во бизнисот се шири и во дипломатијата. Вториот внук на Али Ахмети и брат на Дрин Ахмети, Бесиан Ахмети пред само три месеци е именуван за Прв секретар во Македонската амбасада во Брисел. Младиот Ахмети, покрај тоа што станува Прв секретар во амбасадата во Брисел, додека Али Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ, тоа го прави …

Continue Reading

Градоначалникот на Неготино учествуваше на манифестацијата „Винатлон“ и конференцијата „Вински туризам“ во Хрватска

Градоначалникот на Неготино Горан Стојанов учествуваше на манифестацијата „Винатлон“ и конференцијата „Вински туризам“ во Република Хрватска. – Таму бев на покана на организаторот на настанот, општина Кнежеви виногради, присуствував и зедов активно учество на манифестацијата и на конференцијата „Вински туризам-локален пристап и европски перспективи“. Во име на општината Неготино како винарска дестинација и географски простор на кој се застапени огромни …

Continue Reading

Пригожин: Целта на бунтот беше да се спречи уништување на групата „Вагнер“

Шефот на паравоената група Вагнер Евгениј Пригожин штотуку објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата, кој заврши со повлекување на неговите борци. Во пораката тој вели дека причината за бунтот е тоа што никој од командантите не се согласил да потпише договор со руското Министерство за одбрана и дека поради тоа неговата платеничка чета била …

Continue Reading

Таеквондистот Георгиевски вечерва во борба за златниот медал на Европските игри

Теквондистот Дејан Георгиевски е првиот македонски спортист кој освои медал на Европските игри во Краков, откако денеска избори пласман во финалето во категоријата над 87 килограми. Противник на Георгиевски во борбата за златниот медал ќе биде Британецот Луис Канингам. Финалето е закажано со почеток во 19:45 часот. Георгиевски, кој е носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, …

Continue Reading

„Верстка“: Белорусија почна да гради кампови за 8.000 „вагнеровци“

Рускиот опозициски весник „Верстка“ објави дека Белорусија почнала да гради кампови за борците на приватната воена компанија „Вагнер“. -Камповите ќе бидат лоцирани во регионот Могилев во Белорусија, на приближно 200 километри од границата со Украина и ќе можат да примат осум илјади борци, пренесуваат руските медиуми. Регионалните власти на Могилев, наводно, добиле инструкции да започнат со изградба на кампови. Според …

Continue Reading

Димитриевски додели признанија на учениците првенци на генерација: Вие сте тие што треба да ја наследат државата и да ја туркате напред кон прогресот

Денеска, во чест на 24 Мај – Ден на словенските просветители Кирил и Методиј беа доделени награди и признанија на најдобрите ученици – првенци на генерација од основните и средните училишта во Куманово и Старо Нагоричане за учебната 2022/2023 година. На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски којшто упати благодарност на сите наставници, професори и професорки …

Continue Reading

Берели не доби дозвола од судот да излезе од притвор и да даде заклетва за градоначалник

Судот во Тирана го одби барањето на Фреди Белери да биде времено ослободен од притвор за да даде заклетва како градоначалник, на утрешната конститутивна седница на Советот на општина Химара. Членовите на Советот испратиле допис со кој Берели го информираат за седницата и потребата и тој да присуствува на неа, по што неговиот адвокат доставил барање. Во образложението на Судот …

Continue Reading

МД „Илинден” издаде фото албум со народни носии на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден” – Тирана издаде фото албум на кој се претставени народни носии на Македонците во Албанија. Автор на албумот е првиот човек на друштвото Никола Ѓурѓај, кој за МИА рече дека тоа е реализирано со поддршка на албанскиот владин комитет за национални малцинства. – За мене, друштвото и за сите Македонци ова е многу значајно нешто, со кое …

Continue Reading