Николоски: 30 години слушаме дека треба да го смениме „само уште ова“, бугарските барања и понатаму ќе продолжат

Малку милитаристички звучи пораката од Бугарија и бугарскиот кабинет на новиот премиер дека ќе бидат извор на мирот, не звучи така добро бидејќи  алтернативата е извор на војна, а ние сме во еден вид ладна војна со Бугарија затоа што го попречува напредокот на Македонија кон ЕУ. Тоа е една работа, другата е што видовме две различни соопштенија денес за …

Continue Reading

МЗШВ ги повикува земјоделците да аплицираат за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува земјоделците навремено да аплицираат за директни плаќања за производството на домашен лозов и овошен саден материјал. – Како корисници на оваа подмерка се јавуваат правни лица запишани во Регистарот на снабдувачи за саден материјал, кои имаат произведен лозов и/или овошен саден материјал во 2023 година, согласно Закон за семенски и саден материјал …

Continue Reading

Демир Капија една од трите општини избрана за изработка на план за енергија и клима

Општина Демир Капија е една од трите општини од земјава, кои годинава се избрани на јавниот повик за општини за изработка на локален план за енергија и клима, информираше попладнево демиркапискиот градоначалник Лазар Петров. – Оваа активност се спроведува во рамките на проектот „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, кој е финансиран во рамките на проектот „Граѓанските …

Continue Reading

Прва посета на хрватскиот премиер Пленковиќ на Србија

 – Денес во прва официјална посета на Србија е хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој во Суботица на Денот на Хрватската заедница во Србија го отвори Хрватскиот дом – Матица и имаше билатерална средба со српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописиникот на МИА од Белград. Хрватскиот дом – Матица, чија изградба е целосно финансирана од хрватската влада, недалеку од центарот на Суботица, …

Continue Reading

Рама призна дека односите со Курти не се како порано и соопшти дека упатил писмо до Макрон и Шолц

– Албанскиот премиер Еди Рама на попладневната прес конференција главно посветена на состојбата на Косово, рече дека „Албанија не е и никогаш не може да биде нотар на политиката што ја следи Косово“. Додаде дека нема личен проблем со косовскиот премиер Албин Курти, но по последните коментари кога го отфрли нацртот за формирање на ЗСО предложена од него,  со аргумент „нека …

Continue Reading

Влатко Ѓорчев на заседание на ИК на Меѓународната демократска унија (ИДУ) во Лондон

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев во Лондон се обрати пред извршниот комитет на ИДУ, најголемата глобална организација на десниот центар. Во своето обраќање Ѓорчев се осврна на внатрешните состојби во Македонија, како и поширокиот контекст околу државата. Ѓорчев истакна дека Македонија и Македонците се борат за своите права и слободи, не загрозувајќи никого.  За жал,  Македонија и македонскиот …

Continue Reading

Дрекслер: Корупцијата и организираниот криминал заслужуваат повеќе внимание во следните недели

Со определбата на македонската Влада за европскиот пат, за целта за членство во ЕУ, како долгорочна стратешка цел на земјата, Владата се определи и за ефективна борба против корупцијата и организираниот криминал. Верувам дека ова се теми што заслужуваат уште повеќе внимание во следните недели, месеци и ќе станат уште поважни. Граѓаните бараат да не ја платат цената за тоа, …

Continue Reading

Демант на Кабинетот на Грковска: Обвинувањата на ДКСК се паушални и неосновани

Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска соопшти дека во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. – За жал, ДКСК предводена од претседателката Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата …

Continue Reading

Студиско патување во Словенија во рамки на проектот „Одржлив економски развој на општина Македонска Каменица“

Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски заедно со претставници од Централ Азија Металс, Фондацијата Рудник САСА и Прајм Поинт Партнерс, деновиве учествуваа на студиско патување во Словенија. Целта на оваа работна посета како што информираа од Општината беше размена на знаење и учење од словенечките искуства, со цел нивна примена во проектот „Одржлив економски развој на општина Македонска Каменица“. За …

Continue Reading