Груби – Балуку: Изградбата на Коридорот 8 проект од големо значење за целиот регион

Инфраструктурните и енергетските проекти, патот кон евроинтеграциите, како и состојбата во регионот, вклучително и на северот на Косово, беа главни теми на разговор на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби оствари со албанската вицепремиерка и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку. Како што соопшти Кабинетот на Груби, соговорниците разговарајќи …

Continue Reading

Османи – Влаховски: Ја цениме континуираната поддршка на Словачка за нашите евроинтеграции

Македонија ја цени континуираната поддршка на Словачка за нејзините европски интеграции порача денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи на средба со неговиот словачки колега Мирослав Влаховски. Како што соопшти МНР, на средбата, одржана на маргините на самитот ГлобСек во Братислава, Османи му честиташе на Влаховски за неговото именување за министер за надворешни работи и изрази уверување дека и во …

Continue Reading

Општина Битола ќе го обнови паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“

Почнуваме со реконструкција на паркингот пред спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, изјави на прес-конференција градоначалникот Тони Коњановски. Поддршката на спортот, вклучувајќи ги спортските клубови, но и спортската инфраструктура се меѓу главните приоритети на оваа локална самоуправа и тоа го работиме од првиот ден, за да создадеме подобри услови Битола, спортски да се развива и да напредува, посочи Коњановски. – …

Continue Reading

Стано: Дијалогот меѓу Белград и Приштина не е мртов

Портпаролот на Европската унија Петер Стано денеска изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина „не е мртов“ и дека ЕУ сега работи уште поинтензивно за да им помогне на двете страни да најдат решение во рамките на дијалогот и да ја смират ситуацијата. „Оваа ситуација не настана ненадејно. Тоа е последица на поширок проблем меѓу двете страни кој трае подолго …

Continue Reading

Хакерски напад од 114 земји врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција (ДПЛ)

Најзначаен напад што досега бил извршен врз грчка јавна владина организација, го карактеризираат од Министерствата за образование и дигитална политика на Грција, денешниот хакерски напад на платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Втор ден по ред хакерските напади создаваат проблеми во спроведувањето на испитите, а според надлежните Министерства вчера, …

Continue Reading

Еден од осудените за „27 април“ Абдуљфета Алими излезе од затвор

Поранешниот вработен во обезбедувањето во Собранието, Абдуљфета Алими, кој беше осуден за настаните од „27 април“, по поминати шест години во затвор, денеска излезе на слобода, потврди за МИА директорот КПД „Идризово“ Зоран Јовановски. Веста на својот фејсбук профил со видео – стрим ја потврди и поранешниот пратеник и екс претседател на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој беше меѓу …

Continue Reading

Во штипскиот Центар за култура отворена изложбата „Надреализмот како личен израз“

Отворена е третата по ред изложба со наслов „Надреализмот како личен израз“ во „Галерија 22“ при Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип. Во наредните десетина дена граѓаните може да ги видат необичните слики насликани од децата кои се дел од Ателјето при домот на култура, од малата и големата група. Верица Наумова која го раководи ликовното ателје при Центарот …

Continue Reading

Почнува соработка меѓу земјоделските инспекторати на Македонија и Италија – заедно до повисоки стандарди во контролата на производите

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство на Северна Македонија, Јане Станкоски и директорот на Централниот инспекциски оддел за заштита на квалитетот и за заштита од измами кај земјоделско-прехранбените производи при Министерството за земјоделство, прехранбен суверенитет и шумарство на Италија Феличе Асентза, македонскиот и италијанскиот амбасадор, Мемеди и Силвестри, потпишаа Меморандум за разбирање во областа на контрола на земјоделски производи. Преку …

Continue Reading

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата во кои беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од алијансата. „Распоредувањето на дополнителни сили на НАТО на Косово е внимателна мерка за да се осигура дека КФОР ги има потребните капацитети за одржување на безбедноста во согласност со нашиот мандат на Советот за …

Continue Reading