„Денови на шпанската литература“ во Друштвото на писателите на Македонија

Во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија денеска со почеток во 11 часот, ќе се одржи манифестацијата „Денови на шпанската литература“. Како што информираат од Друштвото на писателите на Македонија, манифестацијата ќе започне со блокот „Поезија од Лорка“, во интерпретација на Лилјана Стоилковска и учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје. Свеченото отворање на манифестацијата ќе биде …

Continue Reading

„Реквием“ на Џузепе Верди во Национална опера и балет

Во рамките на 51 издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023 вечерва со почеток во 20 часот ќе се изведе делото „Реквием“ на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди. Како што информираат од Националната опера и балет, диригент е гостинот од Бугарија, Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапува Хорот на Националната опера и балет и …

Continue Reading

Презентација на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“

Во Скопје денеска ќе биде презентиран ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на труд“, реализиран од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, а поддржан од Европската Унија. Како што информираат од Агенцијата за вработување, проектот се имплементира од септември 2019 година до март 2024 година. На презентацијата ќе присуствуваат проектниот координатор Наташа Здравковска и тимот за реализација …

Continue Reading

Доделување на наградата „Златен објектив“ за 2023

Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика се добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година која ќе биде доделена денеска во 12 часот во Кинотека на Македонија. Како што информираат организаторите, Кинотеката, традиционално по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле …

Continue Reading

Дебата „Зошто да волонтирам“ во Europe House

Јавната дебата „Зошто да волонтирам” ќе се одржи денеска од 11 до 13 часот во „Europe house“ во Скопје. Дебатата e дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од Европската Унија, а реализиран од Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со СОС Детско село Македонија, Волонтерски Центар Скопје и Здружението „Женски форум“ – …

Continue Reading

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ гостува во Приштина

Драмски театар Скопје со претставата „Диши“ денеска ќе гостува во Приштина на седмиот по ред Интернационален театарски фестивал „Приштина 2023“ што се одржува од 22 до 28 мај. Во Приштина, претставата ќе ја има својата 15 изведба. Од Драмски соопштуваат дека освен актерите на театарот, на фестивалот ќе учествуваат ансамбли од театри од Шпанија, Турција, Хрватска, Албанија и од Косово. …

Continue Reading

Началникот на штабот на ВК на сојузничките сили на НАТО за Европа во посета на Македонија

Началникот на штабот на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО за операции, адмирал Јоаким Риле, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Армијата на Република Северна Македонија. Адмиралот Риле денеска во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе оствари средби со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Славјанка Петровска. Како …

Continue Reading

Во Собранието седница за пратенички прашања

Собранието денеска ќе ја одржи 116. седница, на чиј дневен ред се пратеничките прашања. Според усогласеното, први прашања поставуваат пратениците од опозицијата. Вообичаено, седниците за пратенички прашања се одржуваат последниот четврток во месецот.

Continue Reading

Од верските календари

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 мај. Светата маченичка Гликерија Ќерка на еден гувернер на Рим. По смртта на татко и осиромаши и се насели во Трајанопол во Тракија. Во времето на нечестивиот цар Антонин Гликерија беше изведена да му принесе жртва на идолот на Диј. Таа си нацрта крст на челото, па кога царскиот намесник ја …

Continue Reading