Доделување на наградата „Златен објектив“ за 2023

zlaten-objektiv
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика се добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година која ќе биде доделена денеска во 12 часот во Кинотека на Македонија.







Како што информираат организаторите, Кинотеката, традиционално по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев, тонскиот снимател Глигор Паковски, аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, филмскиот работник Коста Крпач, продуцентот Панта Мижимаков, филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски-Доре, монтажерите Димитар Грбевски, Спасе Тасевски и Олга Лукова-Дончиќ и костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK