ЕУ остро ги осуди судирите во северно Косово

Европската унија остро ги осудува судирите во кои учествуваа косовската полиција и демонстрантите на северот на Косово, иницирани од обидот на новоизбраните градоначалници да влезат во општинските згради, соопшти ЕУ. – Силно изразуваме жалење за нападите врз патролите на цивилната мисија на ЕУ на Косово, Еулекс. На Еулекс мора да му се дозволи мирно да го спроведува својот мандат, се …

Continue Reading

Блинкен со осуда за акциите на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на север во државата

САД силно ги осудуваат дејствијата на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, дејствија што ги презедоа против советите на САД и европските партнери на Косово. Тоа се нагласува во пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. „Тие акции остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори да помогнеме во нормализирање на …

Continue Reading

ДИЦ: Државната матура ќе полагаат 15 620 ученици

Оваа учебна година за државната матура се пријавиле 15 620 ученици. Од нив 6 750 од гимназиско образование, 8 598 од средно стручно образование и 272 од средно уметничко образование, информираат од Државниот испитен центар (ДИЦ). Согласно Концепцијата за матура и за завршен испит во средното образование со четиригодишно траење учениците екстерно полагаат два предмети, два интерно и проектна задача. …

Continue Reading

Град Скопје дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со 30 градоначалници од светот, е дел од меѓународниот самит „ChangeNOW 2023“ во Париз, најголемиот настан кој ги обединува иноваторите, инвеститорите, лидерите и креаторите на политики, ориентирани кон заеднички конкретни акции за справување со глобалните предизвици, од кој произлегуваат решенија и конкретни мерки за заштита на животната средина. -Меѓународниот самит „ChangeNOW“ е еден од …

Continue Reading

Работната група ја усвои Предлог иницијативата за измена на Уставот

Работната група на денешната седница ја усвои Предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела. – Состанокот заврши успешно, едногласно ги донесовме сите одлуки, имавме плодна дискусија, …

Continue Reading

Ковачевски – Мелони: Воздушната НАТО патрола над нашето небо ќе ја реализира Италија, имаме целосна поддршка за евроинтеграциите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во телефонски разговор со премиерката на Италија, Џорџија Мелони, разговараше за повеќе актулени прашања за нашата држава и за регионот. -Во фокусот на телефонскиот разговор, помеѓу Ковачевски и Мелони, беше претстојното патролирање на македонското небо, од страна на италијанските воздухопловни сили. Овој процес е согласно НАТО принципите на заменливост, а премиерите …

Continue Reading

Германската влада нарача 18 нови тенкови Леопард 2 од најновата модификација

Германската влада нарача 18 нови борбени тенкови Леопард 2А8 – најновата модификација на тој модел, објави германскиот производител на оружје Краус-Мафеи Вегман по потпишувањето на договорот, јави ДПА. Склучениот рамковен договор вклучува опција за нарачка на дополнителни 105 единици од компанијата КМВ.  Во средата буџетската комисија на германскиот Парламент одобри издвојување на 525 милиони евра за нарачката. Првата серија на …

Continue Reading

Средба на Курти со командантот на КФОР

Во зградата на косовската Влада во тек е средба на косовскиот премиер Албин Курти и командантот на КФОР Анџело Микеле Ристуча, јави приштинскиот портал „Репортери“. Средбата следува по инцидентите на северот од земјата, кога косовската полиција, и покрај противењето на Србите, обезбеди влез на новоизбраните градоначалници на Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан во општинските канцеларии. Претходно Курти најави дека подоцна …

Continue Reading

,,Гласен Текстилец”: Носењето на измените на Законот за работни односи пораз за работниците, синдикатите и за нас како организација

Работното време на коридорите 8 и 10д кое „Гласен Текстилец“ пред само неколку месеца го оспори пред Уставен суд, а тој суд го оцени како неуставно законско решение, денеска беше донесено со европско знаменце од страна на владината коалиција, се вели во писмената реакција од Кристина Ампева од Здружението „Гласен Текстилец“. Посочува дека ова е уште еден пример на злоупотреба …

Continue Reading