Челзи нуди 80 милиони евра за Влаховиќ

 – Лондонски Челзи сака ова лето да го донесе во своите редови напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ, и за услугите на српските репрезентативец е подготвен да плати 80 милиони евра. Влаховиќ минатиот јануари прејде од Фиорентина во Јувентус за 81.6 милиони евра и договорот со клубот од Торино го врзува во следните три години. Србинот постигна 23 голови на 62 …

Continue Reading

Новиот градоначалник на Химара, Белери останува во притвор

– Албанскиот  специјален првостепен суд за корупција и организиран криминал денеска ја потврди  мерката  притвор за новоизбраниот градоначалник на гратчето Химара, Фреди Белери. Тој притворот ќе го издржува во затворот со висока безбедност “313” во Тирана. Истата мерка е потврдена и за неговиот соработник Пандели Какавеши,  двајцата уапсени два дена пред локалните избори што се одржаа на 14 месецов под …

Continue Reading

Земјотрес на југот од Турција со јачина од 4,9 степени според Рихтер

 – Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја погоди јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија. Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли, на длабочина од 6,67 километри. Потресот е почувствуван во поширок регион на југот на Турција, што во февруари беше погоден од серија разорни земјотреси. Гувернерот на …

Continue Reading

Шаленберг: Украина не може во ЕУ пред балканските земји

Украина не треба да биде приоритет за ЕУ, изјави шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, кој смета дека „би било катастрофално доколку Украина и Молдавија минат низ брзата лента, а земјите од Западен Балкан останат на страна. -Украина ќе влезе во ЕУ веднаш штом ќе се исполнат условите. Не треба да има двостепено општество. Во Солун пред 20 години им …

Continue Reading

Германски функционер предупреди на пораст на екстремизам поттикнат од авторитарни држави

Шефот на германската разузнавачка агенција Бфв, Томас Халденванг, денеска предупреди на пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат општеството и да ја соборат избраната влада. Германските безбедносни агенции во последниве години ги спречија плановите на помалите групи поврзани со движењето Граѓаните на Рајхот, обвинети за заговор за напади врз клучната …

Continue Reading

Претседателот на грчката партијата што освои само еден глас на изборите го бара единствениот гласач

Партијата Грци еколози- Димостенис Вергис на вчерашните парламентарни избори во Грција освои само еден глас, а ниту претседателот и неговата сопруга не гласале, па затоа го бараат единствен гласач на партијата, јави дописничката на МИА од Атина. Меѓу 36 партии што учествуваа на изборите во Грција, на последното место со само еден глас се најде Грци еколози на Димостенис Вергис, …

Continue Reading

У18: Македонската репрезентација в четврток гостува во Србија

Македонката машка фудбалска репрезентација до 18 години неделава ќе ѝ гостува на соодветната селекција на Србија во контролен натпревар. Како што е соопштено, натпреварот е закажан за в четврток со почеток во 14 часот на теренот на Спортскиот центар на Фудбалската федерација на Србија во Стара Пазова. За македонските фудбалери претстојно гостување во Србија ќе биде продолжение на подготовките во …

Continue Reading

ОИ2024: Олимпискиот пламен ќе гори на Ајфеловата кула

Организаторите на Олимписките игри кои идната година ќе се одржат во Париз работат на поставување на олимпискиот пламен на Ајфеловата кула, јавија денеска светските агенции, повикувајќи се на добро информирани извори. Не е познато дали олимпискиот пламен ќе биде поставен на парискиот споменик за цело време додека траат Игрите, од 26 јули до 11 август. Според анонимен извор од организацискиот …

Continue Reading

Мицотакис го врати мандатот за формирање Влада, утре ќе го добие Ципрас

Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис ѝ го вратил мандатот за формирање Влада на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која утре ќе го додели на лидерот на втората партија, односно на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Мицотакис стапил во контакт со Сакеларопулу и ја информирал дека го враќа мандат. Па така утре …

Continue Reading