Германски функционер предупреди на пораст на екстремизам поттикнат од авторитарни држави

германски функционер
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шефот на германската разузнавачка агенција Бфв, Томас Халденванг, денеска предупреди на пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат општеството и да ја соборат избраната влада.







Германските безбедносни агенции во последниве години ги спречија плановите на помалите групи поврзани со движењето Граѓаните на Рајхот, обвинети за заговор за напади врз клучната инфраструктура, владини претставници и Бундестагот.

Иако не е јасно колку плановите биле далекусежни, властите изразија загриженост дека наводните заговорници успеале да добијат оружје и да регрутираат личности кои обично не се на радарот на безбедносните агенции, како што се судии и полицајци.

Халденванг, кој го предводи Федералниот институт за заштита на Уставот (Бфв), рече дека е особено загрижен поради поврзаноста на некогаш одделни групи, од екстремната десница до теоретичари на заговор, и нивната подготвеност да користат оружје.

– Она што ги обединува овие групи е тоа што тие ја презираат нашата земја и демократскиот систем, го отфрлаат и сакаат да го укинат, изјави Халденванг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK