Без вода дел од Љубанци

Поради технички зафат во резервоарот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Љубанци, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.

Continue Reading

Началникот на ГШ на АРМ во посета на Бугарија

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска до петок е во работна посета на Република Бугарија. Ѓурчиновски, според најавата, утре ќе учествува на 16. конференција на началниците на Генералштабови на армиите на балканските земји, што се одржува во Софија.

Continue Reading

Оксфам: Г7 им „должи“ на сиромашните држави 13 трилиони долари

Богатите и индустријализираните земји од Г7 им должат на сиромашните земји околу 13 трилиони долари неплатена помош за развој, како и поддршка во борбата против климатските промени, процени хуманитарната организација Оксфам. Наместо да ги исполнуваат своите обврски, земјите од Групата седум и нивните банки бараат отплата на долг од 232 милиони долари дневно, објави Оксфам денеска пред самитот на Г7 …

Continue Reading

Санкционирани 197 возачи во Скопје, 55 за брзо возење

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкција, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за непрописно престројување на возила. Изречени се четири мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции минување на затворен сигнал (црвено светло)… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

Continue Reading

Тејлор Свифт сликана со ново момче

Откако пejaчката Тејлор Свифт раскина со долгогодишното момче Џо Алвин, продолжуваат гласините за тоа која е нејзината нова љубов, а се чини дека таа веќе веројатно и не ја крие својата љубов. Имено, поп-ѕвездата е снимена како го напушта студиото „Електрик лејди“ во Њујорк со британскиот музичар Мети Хили – насмеана. Папараците ги снимиле доцна навечер, а музичарите побрзале до …

Continue Reading

Повторно дојави за бомби во училишта во Белград

Неколку основни училишта во Белград утринава добија дојави за подметнати бомби, јавија белградски медиуми. Бомба била пријавена во основното училиште „Дринка Павловиќ“, а според информациите на „Данас“, закани биле упатени и кон ОУ „Обединети нации“, како и до ОУ „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац. Училиштата издадоа упатства до наставниците да ги информираат родителите да не ги носат децата денеска во школо. …

Continue Reading

Во Алберта моментално горат 90 пожари, 23 се вон контрола

Интензивниот почеток на сезоната на шумски пожари во Канада веќе принуди повеќе од 30.000 луѓе да ги напуштат своите домови и го погоди производството на енергија. Канадскиот премиер Џастин Трудо ја посети Алберта каде се испратени голем број пожарникари и војници за да им помогнат на регионалните тимови кои се борат со пожарите од четвртокот. Екстремно сувото време и променливите …

Continue Reading

Ковачевски во Рејкјавик се сретна со Мишел, Макрон и Де Кру

Премиерот Димитар Ковачевски на маргините од 4-от Самит на Советот на Европа во Рејкјавик имаше куси средби со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, со францускиот претседател Емануел Макрон и со белгискиот премиер Александар Де Кру. Ковачевски на фејсбук објави дека имал срдечна средба со Шарл Мишел, како што наведува „голем пријател и поддржувач во нашата стратешка определба за полноправното …

Continue Reading

Австралија ја откажа средбата на „Четврката“ во Сиднеј поради отсуство на Бајден

Австралискиот премиер Ентони Албанес денеска изјави дека Самитот на „Четворката“ нема да се одржи во Сиднеј следната недела без американскиот претседател Џо Бајден, кој го одложи патувањето во Австралија поради разговорите за границата на долгот во Вашингтон. Албанес најави дека лидерите на Австралија, САД, Индија и Јапонија ќе се сретнат на Самитот на Г7 во Јапонија овој викенд. – Средбата …

Continue Reading