Мицкоски: Ковачевски е исплашен, бега од избори, од дебата, се плаши да ја поднесе потпишаната оставка- кукавичлукот нема да ги спаси од одговорност

Ја злоупотребуваат Европската Унија за да крадат, а фатени се живи како крадат. Фатени се апла како имаат намера да профитираат од проект вреден неколку милијарди евра. И прават грешки затоа се во паника, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина за младинските политики на партијата одржана во Куманово. Мицкоски посочи дека Димитар Ковачевски е исплашен човек кој …

Continue Reading

Мисајловски: Младите се разочарани и се иселуваат заради криминалите на оваа власт

Првата работа секој што треба да ја знае за да се променат сите младински политики, за да се почне нешто поубаво во Македонија, е  да се одбере Христијан Мицкоски за премиер и да се одбере ВМРО-ДПМНЕ.  Во Куманово никогаш не виделе нешто убаво, особено во капитални инвестиции или слично. Првиот човек на владата е од Куманово, а не гледаме дека …

Continue Reading

Мицкоски: Младите во Европа се борат за научни достигнувања и успеси, а во Македонија се борат за студентски оброк – ВМРО-ДПМНЕ со серија мерки за младите

Добра вечер Куманово,   Добра вечер за градот кој е носител на слободарскиот дух и пркосен паметник на сите наши борби и страдања низ историјата,Куманово градот на традиција, многу легенди, градот на соживотот и разбирањето,но и Куманово на многу нерешени проблеми, град кој за жал е заборавен од централната власт, град на народ кој страда поради неспособноста да се води …

Continue Reading

Мицкоски предупредува: Не се во игра само уставни измени за вметнување на Бугарите, туку на маса е и редефинирање на Македонија и бинационална држава, што е неприфатливо

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Куманово насловена „Младински политики“ ја предупреди македонската јавност дека кога станува збор прашањето за уставни измени, на маса се става и редефинирање на карактерот на Македонија. – Она што исто така преставува тема подолг период се уставните измени. И во тој поглед сакам да предупредам на една друга опасност, на едно …

Continue Reading

Во западна Канада зголемен ризикот од ширење шумски пожари

Сувото време и променливите ветрови во западна Канада го зголемија ризикот од ширење шумски пожари во Алберта, провинција која веќе евакуираше илјадници луѓе. Во Алберта моментално има 90 активни пожари, од кои 23 се надвор од контрола, соопштија тамошните власти. Повеќе од 30.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови поради пожарите кои зафатија голема површина, а беше прекинато …

Continue Reading

Милан најмалку шест месеци без Бенасер

Играчот за врска на италијански фудбалски прволигаш Милан, Исмаел Бенасер (25), ќе паузира најмалку шест месеци поради операција на коленото, соопшти денеска клубот. Алжирецот се повреди претходно овој месец во текот на првото полувреме од првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони против градскиот ривал Интер (0-2). Милан соопшти дека Бенасер бил опериран денеска во Лион. Клубот од Милано вечерва …

Continue Reading

Членови на здружението „Ж’та“ од Кавадарци со награди за ракија на меѓународен натпревар во Србија

Членови на здружението „Ж’та“ од Кавадарци, освоија награди за квалитетно произведена ракија на меѓународен натпревар во Србија, информираше вечерва Панче Арсовски, претседател на здружението. -По повод учество на меѓународен натпревар кој се одржуваше во Кикинда, Војводина, Република Србија, наша делегација од здруженијата на индивидуални производители и мали семејни бизниси,  „Ж’та“ и „Винотек“, со поддршка од Општина Кавадарци, беа учесници и …

Continue Reading

Џорџ Сорос: Јас не сум мртов

Милијардерот и либерален филантроп Џорџ Сорос во понеделникот објави дека е „жив и здрав“, откако на социјалните мрежи се проширија гласини дека починал од срцев удар. „Гласините дека имав срцев удар се целосно лажни“, објави Сорос на својот официјален профил на Твитер, додавајќи „жив сум и здрав“. „Џорџ Сорос мртов“ беше тренд на Твитер од неделата. Гласината очигледно беше отворена …

Continue Reading

Џафери се сретна со членови на Уставниот комитет на Европскиот Парламент

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска имаше средба со Рајнер Вилант, потпретседател на Европскиот парламент и член на Комитетот за уставни прашања на Европскиот парламент и со европратеникот Свен Симон. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, присуствувале и членовите на Уставната комисија на македонското Собрание, но не во полн состав. Џафери оценил дека средбата се случува во значаен период …

Continue Reading