Мицкоски предупредува: Не се во игра само уставни измени за вметнување на Бугарите, туку на маса е и редефинирање на Македонија и бинационална држава, што е неприфатливо

hristijan mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната трибина во Куманово насловена „Младински политики“ ја предупреди македонската јавност дека кога станува збор прашањето за уставни измени, на маса се става и редефинирање на карактерот на Македонија.







– Она што исто така преставува тема подолг период се уставните измени. И во тој поглед сакам да предупредам на една друга опасност, на едно ново хазардерство и предавство кое си се турка на мала врата, така странично, но можеби внимавајте добро подеднакво опасно, па би рекол и поубиствено за Македонија во поглед на нејзиното постоење како унитарна држава, рече Мицкоски.

Тој посочи декане е само бугарскиот диктат за Уставот, без било какви гаранции за Македонија кој го турка владата, туку отворање на пандорината кутија на тој план, како што е играњето на играчки со словото на Уставот и редефинирање на карактерот на Македонија преку нарушување на нејзината унитарност.

– Низ кулоарите, а и во дел од медиумите и јас ги слушам идеите кои ги зборуваат оние партиски експерти кои им ги составуваат уставните измени, па се говори дека се предлагало да се смени Преамбулата така што ќе постоеле два народа, неколку заедници, а потоа и малцинства и тоа да прерасне во Уставно слово, притоа целосно нишајќи ги темелите на Македонија и разработувајќи го концептот на бинационална федерална држава. Се надевам дека ќе остане само на нереализирана мантра затоа што во спротивно доколку тоа се преточи во текст ќе прават неповратна штета за Македонија. Апелирам да се престане со оваа самоубиствена рулет игра на партиите на власт затоа што не смеат да си играат играчки со Македонија и пишување на Уставот, рече Мицкоски.

Мицкоски му порача на Ковачевски  за уште неколку месеци власт и зачувана фотелја  да не прави предавство на столетието на македонските и национални интереси.

– Не вреди за уште неколку месеци власт што ги тргуваш со партијата ДУИ која те уценува, да направиш предавство на својот народ и Македонија. Неколку месеци власт не е ништо во споредба со вековен срам за твоето име, твојот пород и голема мака за нашите национални и државни интереси. Неколку месеци ќе те одведат тебе и тие што те поддржуваат во пеколот, после поразот на парламентарните избори. И во поглед на задоволувањето на бугарските диктати, мене ми е јасно дека откако видоа дека заглавија со процесот единствениот излез и шанса го наоѓаат во коленичење пред светот и обвинување кон опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ како најголема партија во Македонија, во ред лаги ред молби за притисоци, истакна Мицкоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK