Во Скопје 183 сообраќајни прекршоци, 66 за брзо возење

 – Секторот за внатрешни работи Скопје во рамки на вчерашните сообраќајни контроли на територијата на град Скопје изрече 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66, 11 за возење без возачка дозвола и три за нерегистрирани возила. Според МВР, изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за управување под дејство на …

Continue Reading

ФЕРОИНВЕСТ и ЦЕНТРАЛИНВЕСТ со 113 милиони евра приход во 2022 година

113 милиони евра приход во 2022 година остварија компаниите во сопственост на Кочо Анѓушев коишто се во групацијата Фероинвест/Централинвест, во која припаѓаат и фирмите БРАКО и РЕС. Наведениот приход претставува раст од дури 135% споредено со 2021 година. Растот на компаниите се должи, пред се, на зголемена продажба на електрични и хидрогенски возила за чистење, зголемениот број на изградени сопствени електрани од обновливи извори (фотонапонски …

Continue Reading

Османи на интервју со Рикер: Дипломатијата е и работа со луѓе на терен, не само преговарање на маса

– Предизвиците на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, успешната приказна на државата во новата меѓународна позиција, регионалните предизвици и улогата на САД во ОБСЕ беа теми во центарот на интервјуто на Филип Рикер, директор на Програмата „Global Europe”на Вилсон Центарот со министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. Османи, како што информира МНР, се осврна на …

Continue Reading

Најмногу дожд во Пожаране

– Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Пожаране, 19 литри на метар квадратен, а најмалку, три литри на единица површина, во Демир Капија. Како што информира УХМР, до осум часот утрово се измерени 11 литри на метар квадратен во Дебар, 9 во Охрид и Крушево, 7 во Крива Паланка и Куманово, 6 во Претор и Прилеп, 5 во Дојран …

Continue Reading

Зеленски во Берлин

– Украинскиот претседател Володимир Зеленски кусо по полноќ слета во Берлин од Рим, каде вчера се сретна со италијанските власти и со папата Франциск. – Веќе во Берлин. Оружје. Моќен пакет. Противвоздушна одбрана. Реконструкција. ЕУ. НАТО. Безбедност, напиша Зеленски на Твитер. Украинскиот лидер последен пат ја посети Германија во февруари минатата година, непосредно пред избувнувањето на војната, кога учествуваше на …

Continue Reading

„Шетав се рашетав низ нашта земја богата“ – годишен концерт на КУД Дримкол – Вевчани

– КУД „Дримкол“ вечер во Домот на културата во Вевчани ќе го одржи својот годишен концерт што традиционално секоја година се одржува во периодот помеѓу Велигденските празнувања и Педесетница. На концертот ќе учествуваат сите фолклорни ансамбли на друштвото, изворниот и народниот оркестар, пејачката група „Каданка“ преку вокални изведби на нејзини солисти, како и членови на патувачкиот театар од Вевчани. – …

Continue Reading

Русите за време на Евросонг го нападнале родниот град на украинските претставници

 – Родниот град на евровизиските претставници на Украина бил погоден од руски проектили само неколку моменти пред бендот Творчи да излезе на сцената во Ливерпул. Градоначалникот на Тернопил, Серхиј Надал, изјави дека во нападот биле оштетени магацини, додека шефот на регионалната администрација Володимир Труш изјави дека најмалку две лица се повредени. Само десет минути пред да излезат на сцената, Творчи …

Continue Reading

Феникс го отпушти тренерот Вилијамс

– Монти Вилијамс повеќе не е тренер на Феникс санс по четири сезони минати во тимот.   Според инсајдерот на „ESPN“, Адријан Војнаровски, „итна одлука“ донел новиот сопственик Мат Ишбија веднаш по поразот од Денвер во натпреварот 6 од 2. коло од плеј-офот.   Ишбија, наводно, ја презел целосната контрола врз кошаркарските операции на организацијата, вклучително и преговорите за февруарскиот трејд …

Continue Reading

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – Радовиш, коловозите влажни

– Сообраќајот на патниот правец Струмица – Радовиш по синоќешната сообраќајка, ноќеска е нормализиран, соопшти АМСМ. Утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување …

Continue Reading