У15: Македонските фудбалери втор пат подобри од Малта

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години успеа да слави нова победа над соодветната селекција на Малта во рамките на вториот контролен натпревар во Скопје. На тренинг центарот „Петар Милошевски“, избраниците на селекторот Драган Начески денеска остварија убедлива победа со 4:1. Македонските фудбалери и на овој натпревар доминираа од самиот почеток и покажаа дека се поквалитетна селекција од Малта. Головите за …

Continue Reading

Мицкоски на средба со Советот на американски амбасадори: Уставни измени под бугарски диктат нема да има

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска со делегација од партијата оствари средба со Советот на американски амбасадори, кои се наоѓаат во посета на земјава. На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска ситуација на Македонија како и македонските евроинтеграции, при што Мицкоски истакнал дека „уставни измени во овој пратенички состав под бугарски диктат и во …

Continue Reading

Со 60 промоции на нови наслови и 30 000 посетители, заврши годинешното издание на Саемот на книга

Со учество на над 60 домашни и странски издавачки куќи, заврши годинешното издание на Меѓународниот Саем на книга. Според организаторите, со 60 промоции на нови наслови и средби со автори, креативни работилници, програмата оваа година беше најбогата во историјата на овој саем. Саемот траеше од 4-ти до 10-ти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Посетата на Саемот е близу …

Continue Reading

Најавен нов дводневен штрајк на германската железница

По истекот на ултиматумот упатен до управата на Германските железници (Дојче Бан, ДБ), Синдикатот на вработените во железницата (ЕВГ) денеска потврди дека се подготвува нов дводневен штрајк во целиот железнички сообраќај, кој ќе трае од недела навечер до вторник на полноќ. „Ние бевме подготвени за компромиси, но ДБ претпочита да оди во насока на конфронтација и на тој начин да …

Continue Reading

Меѓународниот ден на сестринството во Делчево одбележан со доделување награда за најхуманата медицинска сестра

Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари во Делчево одбележан со доделување награда за најхуманата медицинска сестра. Епитетот за најхумана медицинска сестра годинава и припадна на Маја Алексовска вработена во Здравствениот дом „Гоце Делчев“. Со навршени 27 години работен стаж, Алексовска во моментот работи во Итната медицинска помош, а претходно и како медицинска сестра во Центарот за хемодијализа и во …

Continue Reading

Апсењето на кандидатот за градоначалник на Химара ја вжешти политичката атмосфера во Албанија и во Грција

Апсењето на кандидатот за градоначалник на Химара, Фреди Белери, од редовите на опозицијата и припадник на грчката заедница, под обвинение за купување гласови, ја вжешти атмосферата на албанската политичка сцена, но ја налути и Грција. За опозицијата тоа е политички атак на власта „преплашена пред неделниот пораз“ и феномен поврзан со тоталитарните режими, за полицијата постапка заснована на докази, за …

Continue Reading

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УЈП и Даночната управа на БиХ

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска и директорот на Даночната управа за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, Миро Џакула денеска во Бања Лука, потпишаа Меморандум за соработка. -Со потпишувањето на овој значаен документ, се овозможува преку размена на знаење и вештини да го подобриме работењето на двете администрации. Се создава можност и за откривање, превенција и …

Continue Reading

Претставниците на ЕП нема да учествуваат како набљудувачи на изборите во Турција

Претставниците на Европскиот парламент нема да учествуваат како набљудувачи на изборите во Турција на 14 мај. Ова го соопштија копретседателите на парламентарната група за поддршка на демократијата и координација за изборни прашања, Дејвид Мекалистер и Томас Тоб. Европскиот парламент нема да го набљудува овој изборен процес и затоа нема да го коментира процесот или резултатите што ќе бидат објавени потоа. …

Continue Reading

Османи од БиХ: ОБСЕ ќе продолжи да подржува ефективен дијалог и премостување на разликите

ОБСЕ во соработката со Босна и Херцеговина нуди многу добри практики, кои може може и да се зголемуваат за да придонесат за подобрување на јавните политики и процеси. Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи кој во својство на Претседавач со ОБСЕ е во дводневна посета на Босна и Херцеговина, соопшти МНР. На прес-конференцијата со Елмедин Конаковиќ, министерот …

Continue Reading