Најавен нов дводневен штрајк на германската железница

germanija-zeleznica
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По истекот на ултиматумот упатен до управата на Германските железници (Дојче Бан, ДБ), Синдикатот на вработените во железницата (ЕВГ) денеска потврди дека се подготвува нов дводневен штрајк во целиот железнички сообраќај, кој ќе трае од недела навечер до вторник на полноќ.







„Ние бевме подготвени за компромиси, но ДБ претпочита да оди во насока на конфронтација и на тој начин да ги земе своите патници како заложници“, објави денеска синдикатот по истекот на рокот што ЕВГ и го даде на ДБ да излезе со поповолен предлог за вработените.

Претставниците на ДБ рекоа дека „дале се од себе“ да го спречат штрајкот и му понудиле на синдикатот прифатливо решение, кое било одбиено.

ЕВГ свика дводневен штрајк на вработените во ДБ, како и на другите железнички компании кои работат во Германија, па се очекува целосно да биде прекинат железничкиот сообраќај, вклучително и приградските возови.

ЕВГ со Германските железници преговараат за колективен договор за околу 180.000 вработени, а во преговорите, како што пренесуваат медиумите, има несогласувања поради детали.

Машиновозачите, кои се организирани во синдикатот ГДЛ, на почетокот на јуни најавија објавување на нивните барања до ДБ.

Железничарите во последните неколку месеци неколкупати штрајкуваа, блокирајќи го сообраќајот не само железничкиот, туку делумно и патниот, поради дополнителното оптоварување на патиштата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK