Со 60 промоции на нови наслови и 30 000 посетители, заврши годинешното издание на Саемот на книга

knigi-saem
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со учество на над 60 домашни и странски издавачки куќи, заврши годинешното издание на Меѓународниот Саем на книга. Според организаторите, со 60 промоции на нови наслови и средби со автори, креативни работилници, програмата оваа година беше најбогата во историјата на овој саем.







Саемот траеше од 4-ти до 10-ти мај во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Посетата на Саемот е близу 30 000 посетители и според организаторите, тоа е цврст доказ и показател за враќање на успешноста на Саемот на книга како пред пандемијата.

-Седум дена средби со автори, промоции на нови дела, креативни работилници, седум дена славење на пишаниот збор, седум дена истражување на безбројните светови создадени од страна на авторите, седум дена од Саемот на книга исполнет со најлојалните љубители на читањето, велат од Саемот.

Тие потенцираат дека очекувањата во однос на присутни изложувачи, посета и одржани промоции на Саемот на книга, оваа година дефинитивно се исполнети, а и надминати.

-Јубилејното издание донесе значително поголем број на промоции на нови книги и средби со автори, во состав на дуалната програма на саемот, во промотивниот центар, како и на штандовите на издавачите. Посетителите оваа година ја потврдија својата посветеност, а тоа е зголемениот интерес за купување на нови книги, појаснуваат во соопштение.

Главен фокус во претстојниот период е за 36. Меѓународен Саем на книга за наредната година да се воведат уште повеќе новитети, согласно глобалните трендови, сѐ со цел да се исполнат сите нови очекувања на модерниот читател, како и на издавачите и авторите, кои заедно се јадрото на Саемот на книга.

Покровител на годинешното издание на 35. Меѓународен Саем на книга е Министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK