Потпишан Меморандум за соработка помеѓу УЈП и Даночната управа на БиХ

sorabotka
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска и директорот на Даночната управа за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, Миро Џакула денеска во Бања Лука, потпишаа Меморандум за соработка.







-Со потпишувањето на овој значаен документ, се овозможува преку размена на знаење и вештини да го подобриме работењето на двете администрации. Се создава можност и за откривање, превенција и намалување на даночната евазија, а се креираат и услови за поттикнување на доброволната усогласеност, како и предвидлива даночна клима за стопанството и инвеститорите. Добрите соработки со даночните администрации кои веќе се воспоставени, преку меморандумите за соработка уште повеќе ги зајакнуваме и заеднички креираме услови за зацврстување на примената на добра пракса во областа на даноците, рече Лукаревска.

Директорот на Даночната управа за индиректно оданочување, Џакула нагласи дека со потпишаниот Меморандум уште повеќе се зајакнуваат односите и соработката меѓу двете земји.

-Бенефит ќе имаат и двете институции, но и граѓаните. Со Меморандумот се предвидува соработка во области од делокругот на работењето на двете даночни администрации, ќе се овозможи размена на искуство и трансфер на знаење, подобрување на работењето на двете даночни управи, како и поттикнување на доброволната усогласеност, рече Џакула.

Управата за јавни приходи и во следниот период ќе продолжи со потпишување меморандуми за соработка со цел зголемување на соработката со даночните администрации во регионот и пошироко.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK