Заседава работната група за подготвување на предлог-иницијативата за уставни измени

Работната група за подготвување на предлог-иницијативата за потребата од измени на Уставот попладнево во Владата ја одржува трета седница. Претседателката на работната група и поранешна судијка Маргарита Цаца Николовска пред почетокот на средбата рече дека ќе продолжат да работат на разгледување одредби од Деловникот за работа. Се додека не биде донесен Деловникот, како што изјави, нема да можат да почнат …

Continue Reading

Во Хрватска прогласен крај на епидемијата на коронавирусот

Хрватската влада денеска официјално прогласи крај на епидемијата на коронавирусот. Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на седница на Владата изјави дека ваквата одлука е донесена откако Светската здравствена организација соопшти дека тоа повеќе не претставува опасност по јавното здравје. – Од оваа голема опасност по здравјето, најголемата пандемија во последните 100 години, мора да извлечеме поуки за понатамошни потенцијални кризи од …

Continue Reading

Битиќи: Младите да развијат иновативни вештини за да ја зголемат вработливоста во услови на дигитализација на економијата

Како што модерната економија поминува низ транзиција кон поголем акцент на еколошките и дигиталните иновации, младите ќе треба да развијат нови вештини за да напредуваат во овој променлив пејзаж. Вештини кои можат да бидат особено вредни во контекст на новите развојни траектории, а кои се поставуваат пред националните економии во 21 век, порача денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за економски …

Continue Reading

Струга се подготвува за третата „Трка на поезијата“

Околу 1.200 учесници од 11 држави во три атлетски трки ќе бидат дел од третото издание на „Трка на поезијата“, што на 21 мај ќе се одржи во Струга во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“. Новина годинава, како што најави организаторот на манифестацијата, е тоа што официјалните маици ќе бидат испишани со поезија. – Во координација со победниците на …

Continue Reading

Ципрас: Мицотакис јавно призна дека постои скандал со прислушувањата

Од вчерашната дебата, произлезе една ретка вест, Мицотакис за првпат јавно призна дека постои скандал со прислушувањето и дека немаше никаква национална причина за следењата, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас и истакна дека само со прогресивна Влада виновниците ќе сносат одговорност, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на синоќешниот ТВ дуел рече дека …

Continue Reading

Во штипската населба „Пребег“ се инвестираат три милиони денари

Во населбата „Пребег“ во тек се подготвителни градежни работи. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на денешната прес-конференција на улицата Велјко Влаховиќ“ рече дека  од денеска се подготвува оваа улица за асфалтирање, а ќе се работи и на уредување на тортоарските површини на влезот во населбата. Со нешто над три милиони денари општината работи на урбанизација и модернизација на населбата, …

Continue Reading

Реакција од Град Скопје: Сметката не е блокирана

Сметката на Градот Скопје не е блокирана, ниту пак во овој момент е загрозено материјално-финансиското работење на администрацијата, информираа денеска од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. – За жал, точно е дека градот Скопје има неплатени обврски кон приватни субјекти, а во случајов се работи за долг кој го направил екс-градоначалникот Коце Трајановски, а потоа не успеал …

Continue Reading

Почна изградба на нов затворен пазар во Драчево

Почна изградбата на нов модерен затворен пазар во населбата Драчево. Објектот ќе биде на површина од 3000 квадратни метри, енергетски ефикасен со целосно уредена инфраструктура, 60-ина деловни објекти, супермаркет и паркинг за 130 возила на покривот. Се очекува да биде завршен во март идната година. Општина Кисела Вода соопшти дека камен-темелникот денеска го поставија градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорот на …

Continue Reading

Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, информираат од општината. – Потребата за реконструкција на овој локален пат е поради неговата лоша состојба кој претставуваше проблем во секојдневното одвивање на сообраќајот за граѓаните. …

Continue Reading