Ковачевски прими високи претставници на американската администрација и Конгрес во Амбасадата на Северна Македонија во Вашингтон

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на посетата на Вашингтон, присуствуваше на прием кој се одржа во Амбасадата на Северна Македонија во Вашингтон, а на кој беа присутни високи гости претставници на американската администрација и Конгрес, меѓу кои конгресменката Вероника Ескобар, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар, поранешниот амбасадор на САД …

Continue Reading

Уапсен поранешниот пакистански премиер Имран Кан

Поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан денеска е уапсен во главниот град Исламабад, објавија локалните медиуми. Како што пренесува Анадолија, апсењето следи еден ден откако Кан обвини висок воен функционер дека планирал да го убие. Кан беше приведен од Ренџерите, паравоените сили во земјата, токму кога судот во Исламабад му одобри привремена кауција во седум случаи.

Continue Reading

Идентификувани пет лица кои учествуваа во упадот на изложбата на уметникот Андреевски во Солун

Полицајците од Одделот за борба со расистичкото насилство на грчката полиција во Солун идентификувале пет лица кои пред две седмици упаднаа на изложбата на македонскиот ликовен уметник Сергеј Андреевски во општинската галерија во Каламариа, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од полицијата, идентификувани се четворица грчки државјани на возраст од 19, 20, 23 и 24 години и …

Continue Reading

Во Германија во пораст екстремно десничарското насилство, покажува извештај на група за човекови права

Екстремно десничарските екстремисти извршиле повеќе од 2.000 напади во Германија минатата година, се наведува во новиот извештај на групата за човекови права VBRG. „Минатата година 2.871 лице беа директно погодени од десничарски политички мотивирани напади. Ова е најголема бројка досега“, рече Роберт Куше, член на Управниот одбор на групата на прес-конференција во Берлин. Советувалиштата на групата во десет германски сојузни …

Continue Reading

Украина апелира Г7 да ја осуди секоја закана за употреба на нуклеарно оружје

Амбасадорот на Украина во Јапонија, Серхиј Корсунски ја повика Г7 да ја осуди секоја закана за употреба на нуклеарно оружје. – Лидерите на богатите земји на Групата седум (Г7) треба да ја осудат секоја закана за употреба на нуклеарно оружје и да ветат дека ќе преземат решителна акција против таквите потези на Самитот следната недела во градот Хирошима, изјави Корсунски …

Continue Reading

Шолц: Потребна е геополитичка и проширена Европска Унија

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Стразбур силно се заложи за проширување и создавање геополитичка Европска Унија, ориентирана кон иднината. – Европската Унија мора да се промени. Потребна ни е геополитичка Европска Унија, проширена и реформирана и ориентирана кон иднината, рече Шолц во својот говор пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур. Тој рече дека минатата година е донесена важна …

Continue Reading

Линднер не патува за Пекинг, Кун во последен момент ја откажа средбата

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер нема да отпатува за Пекинг откако неговиот кинески колега Лиу Кун, со кој требаше да се сретне утре, ја откажа средбата во последен момент. Според соопштението на германското Министерство за финансии, Лиу Кун неочекувано ја откажал средбата два дена пред да се одржи, објави Еурактив. Кинеското Министерство за финансии побара во текот на викендот …

Continue Reading

Гвардиола: Лигата на шампионите речиси секогаш ја освојува Реал

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, пред вечерашниот натпревар со Реал, рече дека шпанскиот клуб е специјалист за освојување на Лигата на шампионите. – Нашата цел е да настапиме доследно, да бидеме што поблиску до освојување на трофејот и на крајот да успееме. Сепак, ако се подготвувате само за Лигата на шампионите, може да претрпите пораз во неа и да …

Continue Reading

Гир: Со визија, обединетост и истрајност Македонија ќе го заземе своето место на земја членка на ЕУ

Денот на Европа е поглед кон иднината, обновување на обврската за тоа каква ЕУ сакаме, Европа на вредности и иновации, Европа која ги вклучува младите луѓе која е конкурентна и отпорна. Северна Македонија е на добар пат да биде дел од оваа визија со членство во ЕУ, откако ги отвори пристапните преговори минатиот јули. Патот е отворен, а задачите се …

Continue Reading