Спасовски – Шток: Република Македонија е безбедна држава

Република Македонија е безбедна држава, нема индиции за нарушување, бидејќи случувањата во опкружувањето не можат да бидат прелеани кај нас од аспект на било какви терористички или криминални групи. Но, мора да се преземаат системски чекори, што ќе гарантираат правилен развој на општеството, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната прес-конференција што се одржа денеска во Охрид во …

Continue Reading

Ѓуровски: Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата, потребен е системски пристап

Во трката за пари, по кариера или по преживување, се заборава на децата. Потребен е системски пристап, смета професорот Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир. – Сите ние во суштина ја делиме одговорноста за денешната наша реалност. Родителите, наставниците, децата и системот. Значи не може да покажеме со прст, конкретно за одговорност, затоа што на еден или …

Continue Reading

Државен тракторски натпревар за средношколци в среда во Кавадарци

Државен тракторски натпревар за средношколци ќе се реализира во среда во Кавадарци, информираше денеска во изјава за МИА, Ефремчо Николов, професор во кавадаречкото Средно земјоделско – шумарско училиште, ,,Ѓорче Петров”. Целта на натпреварот е ученици да се стекнат со практични вештини врз основа на теоретската и практичната наобразба што ја стекнале во текот на школувањето. Натпреварот е признат од МОН …

Continue Reading

Полицијата со совети до пешаците за безбедно движење-лани четири пешаци ги загубиле животите во Тетовско

Од викендов започна повеќедневната активност за советување на граѓаните како пешаци и возачи од страна на полицајците во рамките на превентивно-едукативната кампања „И јас и ти сме пешаци“. Во Тетово и Гостивар на граѓаните им беа поделени летоци на македонски и албански јазик со повеќе информации – како безбедно да се преминуваат улиците, како да се движат пешаците доколку нема …

Continue Reading

Претседателот на австрискиот Парламент, Соботка во посета на Приштина, Подгорица и Белград

Претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка денеска ја започнува тридневната посета на Западен Балкан во текот на која ќе ги посети Белград, Приштина и Подгорица, соопшти австрискиот Парламент. Соботка најпрво ќе го посети Косово, каде ќе се сретне со премиерот Албин Курти и со претседателот на Парламентот, Глауком Коњуфца. Од Приштина, Соботка патува за Подгорица, каде е предвидена средба со …

Continue Reading

Започна проектот за обнова на улиците во 11 0ктомври Бараки

Со градежните активности на ул. „Петар Драпшин”, во Општина Кисела Вода започна големиот проект за санација на улиците во населбата 11 Октомври Бараки. Се работи за зафат кој ќе опфати повеќе од 11 000 квадратни метри површина и ќе донесе подобрување на условите за живот на жителите кои чекаа 30-тина години на оваа активност, соопшти општинската прес-служба. За рехабилитацијата на …

Continue Reading

Хрватските судии во „бел штрајк“ бараат зголемување на платите за 1.300 евра

Хрватските судии денеска стапија во „бел штрајк“ барајќи зголемување на платите за околу 1.300 евра. Министерството неодамна најави зголемување на платите на судиите и обвинителите, пред се општинските, кои во просек се платени по 1.670 евра нето. Платите требало да им се зголемат за повеќе од 300 евра, но Здружението на хрватски судии тоа го одбило и барало зголемување за …

Continue Reading

На четири локации во Куманово ќе има детски катчиња

Детски катчиња ќе има на четири нови локации во Куманово, информираше на последната прес-конференција кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Реквизити за деца ќе има кај локалитетот „Водовод“, улиците „Лесковачка“ и „Есперанто“ и во село Черкезе. – Првично предвидовме шест, но поради повисоките цени ќе поставиме четири. Сега истите тие средства само ги пренаменуваме за изградба на четири и тоа е цената …

Continue Reading

Светска банка: Земјоделските политики да се насочат кон т.н. зелена транзиција

Македонија е подобра од европскиот просек во однос на намалената употреба на ѓубрива и пестициди, широкопојасната интернет покриеност во руралните средини и емисијата на стакленички гасови, но не и во однос на органското производство, диверзитетот и заштитените подрачја, покажува најновиот извештајот на Светска банка за макдонското земјоделство. Извештајот „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“ што беше презентиран денеска, …

Continue Reading