Претседателот на австрискиот Парламент, Соботка во посета на Приштина, Подгорица и Белград

volfgang
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на австрискиот Парламент, Волфганг Соботка денеска ја започнува тридневната посета на Западен Балкан во текот на која ќе ги посети Белград, Приштина и Подгорица, соопшти австрискиот Парламент.







Соботка најпрво ќе го посети Косово, каде ќе се сретне со премиерот Албин Курти и со претседателот на Парламентот, Глауком Коњуфца.

Од Приштина, Соботка патува за Подгорица, каде е предвидена средба со претседателот на Собранието, Данијела Ѓуровиќ.

На третиот ден од турнејата, Соботка во Белград ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со претседателот на српското Собрание, Владимир Орлиќ.

Тој ќе ги посети и демократските работилници на Барбара Прамер во Подгорица, формирани по австриски модел и именувани по поранешните претседатели на австрискиот Парламент.

Станува збор за образовна програма која Собранието на Црна Гора ја спроведува од 2012 година со цел да се поттикне интересот на младите за политиката и демократските процеси.

Соботка изјави дека целта на сите разговори е „дополнително да се интензивира парламентарниот дијалог и да се зајакнат билатералните односи“. Тој додаде дека тема на разговорите ќе биде и проширувањето на Европската унија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK