Половина од водата што влегува во јавните водоводи во земјава се „губи“

– Во земјава годишно се произведуваат по 456 литри вода по глава на жител, од кои околу 45 проценти или 212 литри се испорачува/фактурира на корисници. Домаќинствата во просек трошат по 156 литри вода, што е над просекот од 123 литри во Европа. Само во главниот град Скопје, каде според последниот Попис 2021 живеат 28 проценти од вкупното население во …

Continue Reading

Почнува 33. ликовна колонија Галичник 2022

– Од денес до 28 овој месец во Галичник ќе се одржува 33. издание на ликовната колонија „Галичник 2022“. Годинава, учесниците на колонијата ќе творат на тема одржливост, како многу популарна, но истовремено, како што велат организаторите, и многу проблематична именка во современите уметности. Учесници на колонијата се Марта Стисјак од Полска, Правдолуб Иванов од Бугарија, Ласе Лоренцен од Данска, …

Continue Reading

Матурантката Ања Спасовска од Куманово освои бронзен медал на олимпијада по хемија

– Матурантката Ања Спасовска од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ освои трето место на меѓународната олимпијада по хемија „IchO“. Бронзениот медал, Спасовска го освои заедно со врсници од две скопски гимназии во конкуренција од 330 ученици од 83 држави од светот. Олимпијадата се одржа онлајн, а годинава домаќин беше Кина. Ања се натпреваруваше и лани на Олимпијадата која поради ковид-состојбата се одржа …

Continue Reading

Променливо облачно и нестабилно, попладне пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно, особено во попладневните часови на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до …

Continue Reading

ДИК ги објави првичните резултати од изборите во Центар Жупа, Маврово-Ростуше и Тетово

– Државната изборна комисија вечерва ги соопшти првичните резултати од изборите за градоначалник на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Општина Тетово. Според овие резултати, во Центар Жупа за единствениот кандидат Аријан Ибраим од ДПТМ гласале 3340 гласачи од вкупно 3395 гласачи. Како што соопшти доцна вечерва претседателот на ДИК Александар Даштевски, имало 55 неважечки …

Continue Reading

На денешен ден

21 август 2022 1165.- Роден е францускиот крал Филип Втори Август. Владееше од 1179 до 1223 година. Успешно војувал против Англичаните, одземајќи им ги имотите во западниот дел на Франција. Со англискиот крал Ричард Лавовско Срце и германскиот цар Фридрих Први Барбаросa ги предводел крстоносците во Третата крстоносна војна. Во 1208 година основал универзитет во Париз и подигнал голем дел …

Continue Reading

Во вчерашните две големи сообраќајни несреќи во Турција загинаа најмалку 32 лица

– Во текот на вчерашниот ден во Турција се случија две големи двојни сообраќајни несреќи, во кои загинаа најмалку 32 лица, а околу 50 луѓе се повредени. Камион, на кој му откажале сопирачките, „влетал“ во толпата во Мардин, откако се судрил со две возила. Потоа, друг камион влета во толпата и повредените. Официјално беше објавено дека загинале 16 лица, а …

Continue Reading

Фестивалот „ЛилаЛо“ и лилањето во Лозница, спој на традиција и атрактивна туристичка понуда

– Меѓу Србите за празникот Петровден постои обичај на палење на „Лилите“ кои се прават од млада кора од дива цреша или бреза на стапче од лешник. Овој вековен народен обичај во регионот на Лозница живее и денес. Лилите се палат со големи ритуални огнови и тоа обично се прави на места каде што се собираат луѓе, на плоштади, крстосници. …

Continue Reading

Астрономски календар

– Денеска е недела, 21 август 2022 година, 228-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 137 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 46 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 41 минута. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее ова деноноќие, а …

Continue Reading