­

(Видео) Мицкоски: 250 милиони евра од унгарскиот кредит ќе бидат наменети за развој на домашните компании

hristijan-mickoski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната владина седница беше донесена одлука со која се става на располагање на стопанството сума од 250 милиони евра – средства од унгарскиот заем – за инвестиции и развој на домашните компании.


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ова е историски досега најголема сума којашто директно се става на располагање на стопанството и преставува прва одлука со ваков износ кој досега државата го обезбедува за стопанството, домашните компании и фирми и истите тие можат да ги користат овие пари преку давање пазарни услови, супер ниска каматна стапка.

„Овие пари се од унгарската кредитна линија, а методологијата по која овие пари ќе станат достапни за компаниите е преку Министерството за финансии кое со цел воспоставување на кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва и одобри на Развојната банка, бескаматен заем во износ од 250.000.000 евра. Развојната банка ќе ги стави на располагање на банките учеснички преку Рамковен договор за учество со намена финансирање на инвестициите и развојот на приватните трговски субјекти запишани во Трговскиот регистар. Максималниот рок е оној којшто го зборувавме, до 15 години со вклучен грејс период до 3 години за банките учеснички. Краен датум е 15 години од датумот на потпишување на договорот за задолжување. Банките ќе ги одобруваат кредитите на крајни корисници при што средствата може да се користат за: Инвестиции во основни средства. Крајниот корисник задолжително учествува со минимум 20% од вредноста на инвестицијата. Каматна стапка на годишно ниво си останува 1,95% она што веќе и е познато на македонската јавност, без дополнителни надоместоци за одобрување, управување и предвремена отплата на средствата. Максималниот износ на кредитот ќе биде до 10 милиони евра во денарска противвредност“, појасни Мицкоски.

Изрази благодарност до банките кои изразија интерес да учествуваат во распределбата на овие пари за стопанството, а Министерството за финансии преку Развојната банка ќе го менаџира овој процес.

Мицкоски очекува значајно влијание за стопанството од овие средства и пари кои доаѓаат во време на криза, предизвици и отежнати глобални услови за домашните компании.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK