(Фото) Заврши протестот за Фросина, присутните граѓани рекоа дека пак ќе се соберат

photo-collage.png-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши вториот протестен марш на кој се побара правда за смртта на Фросина.


Илјадници граѓани маршираа од Партизанска, преку Собранието, до Кривичниот суд. Планот беше од Собранието да се упатат кон Обвинителството, но поради масовноста на протестот, рутата беше променета.

Присутните граѓани држеа транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други.

Триминутен молк имаше на почетокот на протестот, пред Собранието и пред Кривичниот суд.

Демонстрантите во ист глас извикуваа „Убијци!“, „Правда за Фросина!“, „Секој еден може да е следен“, додавајќи „Нема правда, нема мир“.

Пред Собранието се обрати таткото на Фросина, Тодор Кулаков.

Судии, обвинители, проценители, извршители, направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повеќе мито, тој добива, истакна Кулаков.

„Другите, оние кои се задоени со чемерот на антисистемот, претварајќи се во наркодилери, насилници, убијци заедно со тешко потплатени судии, обвинители и други. Кои што судии, обвинители, проценители, извршители направија балкански дуќани, друштва за за наддавање како аукциски куќи, кој ќе плати повише мито, тој добива. А по поравило без исклучок тоа криминалците и нивните адвокати добиваат“, кажа Кулаков во обраќањето пред насобраниот народ кои по вторпат на протест бараат правда за Фросина.

Протестот заврши пред Кривичниот суд.

Вижте тази публикация в Instagram.

Публикация, споделена от @koj_e_sleden

Присутните рекоа дека пак ќе протестираат, но засега не е прецизирано кога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK