Путин: Русија планира да го напушти Договорот за извоз на украинското жито

putin_54654654
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва размислува за суспендирање на Договорот за извоз на украинското жито.







Тој истакна дека таквата одлука ќе биде донесена поради непочитување на клаузулите за извоз на руските ѓубрива.

– Сега размислуваме да се повлечеме од Договорот за житото. Многу од условите што требаше да се применат не се исполнети, истакна Путин за време на телевизискиот состанок со руските воени дописници.

Тој и ја обвини Украина дека ги користи поморските коридори предвидени со Договорот за извоз на украинското жито за напади врз руската флота со беспилотни летала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK