Лидерите на грчките политички партии ги претставија нивните позиции во предизборната ТВ дебата

politika-lideri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Задоволство од синоќешната ТВ дебата на државната телевизија ЕРТ, што се одржа по пауза од осум години, изразија лидерите на грчките политички партии по завршувањето на тричасовната дискусија во пресрет на изборите на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина.







Претседателите на шесте партии одговараа на прашањата на шестмина новинари во шест области, претставувајќи ги нивните позиции за актуелните теми, меѓутоа, согласно правилата немаа можност да отворат дијалог меѓу себе, да си реплицираат или да си постават прашања.

Во ТВ дебатата учествува актуелниот премиер и лидер на Нова демократија Кирјакос Мицотакис, претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас, првиот човек на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, генералните секретари на Комунистичката партија и МЕРА 25 Димитрис Куцубас и Јанис Варуфакис и лидерот на Грчко решение Кирјакос Велопулос.

Мицотакис, најави дополнителни економски мерки за поддршка на граѓаните доколку добие втор мандат, за односите со Турција рече дека ќе ја почитуваат одлуката на турскиот народ по изборите и изрази подготвеност да разговара со победникот, додека пак за скандалот со прислушувањата во Грција откри дека не помислил да си поднесе оставка.

Лидерот на СИРИЗА, рече дека се чувствува непријатно што седи „меѓу двајцата протагонисти на најголемиот скандал, меѓу Мицотакис кој го следеше Андрулакис“, паралелно говореше за потребата за „голема промена“ и ја претстави програмата на партијата за економијата.

Претседателот на ПАСОК- Движење на промена, за неговото прислушување истакна дека веројатно „не е опасен за демократија, но претставува опасност за Нова демократија“ и затоа бил следен и посочи дека неговата цел е да сносат одговорности и да одат во затвор, оние кои го сториле тоа.

Партиските лидери ги претставија нивните позиции за економијата, надворешната политика и одбраната, институциите и транспарентноста, здравството и образованието, животната средина и енергијата и новите генерации, а на крајот секој од нив имаше три минути за да им се обрати на граѓаните.

Со оглед на тоа дека ТВ дебатата се одржа по пауза од осум години, предизвика голем интерес како кај грчките така и кај странските медиуми, а за следење на дискусијата во специјалниот прес центар во државната телевизија беа акредитирани над 70 новинари, сниматели, фотографи и сл.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK