ГЕУС: Околу Северен поток забележани необјасниви земјотреси

geus
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Геолошкиот институт на Данска и Гренланд (ГЕУС) забележа серија сеизмички потреси во близина на островот Борнхолм во Балтичкото Море, недалеку од местото каде што се случија експлозиите на гасоводот Северен поток во септември 2022 година.







Инцидентот е забележан во саботата попладне на 13 мај. Месното население ги почувствувало потресите и ги пријавило во ГЕУС.

„Забележаното тресење на Борнхолм не било предизвикано од земјотреси… Сеизмолозите заклучија дека потресите не потекнуваат од под земја и затоа можеле да бидат предизвикани од бранови на акустичен притисок од еден или повеќе настани во атмосферата. Акустичните бранови во атмосферата се надвор од опфат на ГЕУС“, се наведува во соопштението на службата.

ГЕУС моментално се консултира сослужби од соседните земји. До моментот на објавување немале регистрирано ниту еден земјотрес што би можел да се поврзе со настаните во Борнхолм, велат оттаму.

Инаку, експлозиите на двата крака на гасоводот Северен поток во Балтичкото Море се случија во септември 2022 година. Русија се обиде да иницира формирање меѓународна комисија за истрага на инцидентот, но Советот за безбедност на ОН не ја поддржа резолуцијата. Заедничката истрага ја водат властите на Германија, Данска и Шведска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK