Двегодишното девојче имало скршен череп, ребра и крварење во мозокот – се бара притвор за таткото кој го натепал до смрт

horor.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителството бара притвор за таткото на 2-годишното девојче од Кичево кое загина откако било натепано.


Обвинителството објави дека за таткото е донесена наредба за спрoведување истражна постапка за убиство.

„Осомничениот 29-годишник, на 18 декември, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот сопствената ќерка родена 2022 година. Тој и нанел повеќе удари со раце и нозе, предизвикувајќи и тешки телесни повреди – скршена коска на черепот, крварење во мозокот и скршеници на две ребра“, информираа од Обвинителството.

По 22 дена борба за живот, детето починало од здобиените повреди на 8 јануари во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK