– На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворица ученици и чуварот, кои загинаа во престрелката во ОУ „Владислав Рибникар“, а во Мало Орашје ќе бидат погребани пет лица кои загинаа во престрелката кај Младеновац, јави дописиникот на МИА од Белград.
На Новите гробишта во Белград ќе биде погребан М.К. во 11.30 часот, како и М.А. во 15 часот и 30 минути, додека А.Д. ќе биде погребан на гробиштата Нова Бежанија во Белград во 15 часот и 15 минути. Погребот на Е.К. ќе се одржи на Централните гробишта со почеток во 12:30 часот, додека чуварот на училиштето Д.В. ќе биде погребан во Лешќе во 12:15 часот.
Според жителите на Мало Орашје, погребот на петте момчиња кои загинаа во престрелката ќе се одржи денеска во 14 часот, а во недела се закажани уште три погреби, исто така во 14 часот.
Во понеделник на Новите гробишта во Белград ќе бидат извршени два погреба. Прво ќе биде погребан А.Б. во 15 часот, а потоа А.Ч. во 16 часот.