Бугарите се дел од реалноста на Македонија, и Софија и Скопје губат од лошите односи, вели Захариева

w_53824534.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешната шефица на бугарската дипломатија и актуелен пратеник  од редовите на ГЕРБ во изјава за БГНЕС вели дека и Софија, и Скопје губат од лошите односи и оти е корисно дветe земји да отворат нова страница.



Повод за нејзиниот коментар е претстојното гласање во македонскиот парламент за вклучување на Бугарите во Уставот на РСМ. Ова е еден од главните барања утврдени во т.н „француски предлог“ што властите во Скопје се согласија да го спроведат пред да започнат  пристапните преговори.

„Измена на Уставот на РСМ не е голема работа. Бугарите се дел од реалноста во РСМ и тоа мора да се прифати“, потенцира Захариева.

Таа е категорична дека е корисно за двете земји да отворат нова страница во односите.

„И Софија и Скопје губат од лошите односи. Многу е подобро да немаме граници меѓу нас и да се развива бизнисот. Важно е луѓето да можат слободно да се среќаваат и да комуницираат без страв“, рече Захариева.

Истовремено, таа потсети дека за сето ова да се случи Скопје мора да ги исполни условите од преговарачката рамка и да прифати дека Бугарите се дел од РСМ.

„Мора да се прекине дискриминацијата врз Бугарите, како и неодамна зачестените случаи на физичко и вербално насилство“, повика Екатерина Захариева.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK